ШТО ДА ОЧЕКУВАМЕ ПО НАПАДОТ ВО СИРИЈА: Трамп може да создаде ризици
Објавено во: Свет 07 Април, 2017
Одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп да ја нападне базата во Сирија каде и Русија има свои ресурси може да создаде ризици, анализира СNN.
Се наведува дека може да дојде до „сириско проклетство“ затоа што војните завршуваат кога ќе снема пари и борци, но тоа не е случај со Сирија.
Во Сирија се случува да се појави уште една страна која се вклучува во војна, поради што војната трае веќе шеста година.
Во случај на режимот тоа беше Хезболах, па Иран, па ирачката полиција и Русија.
Од страната на бунтовниците се појавуваат Турција, па Западот, па заливските земји, па „Исламска држава“, Ал Каеда и слично.
Се појавува ризик на военото поле да се најде уште една група која ќе војува.
Новите моменти со САД ќе им дадат шанса на бунтовниците да направат чекор напред и да заземат територии.
Нападот на САД во Сирија го поддржаа Германија, Франција, Британија, и Турција, а такво единство не е видено со години.
Друг ризик е дека претседателот на Сирија, Башар Асад може да врати со иста мера.
Тоа би значело полесни напади на американската војска во регионот.
Русија не мора да одговори воено затоа што базата каде имаат ресурси е срамнета со земја, но познато е дека рускиот претседател Владимир Путин секогаш вешто играл против своите противници.