30 Април, 2024
0.0244

Што е 01:12? Искрата која може да ја запали цела Европа?

Објавено во: Анализа 21 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

На 24-ти ноември швајцарските граѓани ќе излезат на гласање и на референдумот кој ќе одлучува за ограничување месечната плата во швајцарските компании и тоа така што максималната годишна плата не може да биде 12 пати поголема од минималната плата во рамките на истата компанија. "Иницијативата 01:12" ја покренаа Швајцарските Младите социјалисти (JUSO), кои тврдат дека никој не треба да заработи во само еден месец онолку колку што неговиот колега заработува во текот на годината. Швајцарија е позната како земја на единствен систем на директна демократија, што е доволно да се соберат 100.000 потписи за предлог или иницијатива, тогаш се распишува референдум на кој мнозинството одлучува дали се согласува со предлогот и дали тоа треба да стане дел од федералниот устав. Швајцарија има одржано бројни референдуми во својата понова историја, од кои некои се биле дури и контроверзни. Компаниите се закануваат со бегство од Швајцарија, а либералите тврдат дека Швајцарија "ќе стане Европската Северна Кореја" За тоа што за иницијативата мислат претприемачите не треба конкретно да се зборува. Некои дури и се закануваат дека доколку референдумот помине, ќе ја напуштат Швајцарија и бизнисот ќе го преселат во друга земја. Швајцарското Светско Радио наведува дека од компании како, Novartis, Nestle, Bobst и SBB кои вработуваат илјадници луѓе, од нив бараат во писмена форма да се изјаснат дека на референдум ќе гласаат против "Иницијативи 01:12" , а надзорните одбори, како и сопственици на компании се убедени дека Швајцарија во случај на позитивен исход на референдумот ќе биде непожелно место за бизнис. Извршниот директор на GlencoreXstrata, едена од најголемите швајцарски компании, рече, "дека во случај на донесување на овој закон размислува за напуштање на земјата." Меѓу политичарите пак најостра критика упати еден од лидерите на Швајцарската радикална партија (ФДП) Носер кој за „Swiss Review“ рече дека "Швајцарија од најлиберална европска економија ќе стане Северна Кореја на Европа", додека претседателот на ФДП Филип Милер, е сеуште на ставот дека "иницијативата 01:12 задира во основните принципи на слободната економија и не е компатибилна со постоечките на Швајцарското законодавство." За Дејвид Рот пак , лидер на JUSO и еден од иницијаторите на иницијативата, не е точно дека со усвојувањето на иницијативата големите компании ќе исчезнат. -Големите компании не се тука затоа што тука можат да даваат високи плати за менаџери, туку затоа што во Швајцарија имаат многу поволни услови за бизнис. Овде се исклучително образовани луѓе, ние имаме многу добро ниво на инфраструктура, здравствениот систем, социјална сигурност и општа сигурност. Поради безбедност секој може да шета по улиците, и тоа не е важно колку е богат, ова всушност е причината зошто големите компании се во Швајцарија. " Собирањето потписи за овој референдум започнало во 2009., само една година по колапсот на инвестициската банка Леман Брадерс. Потребните потписи се собрани навремено, граѓанската иницијатива успешно е регистрирана во април 2011-та. Парламентот за овој предлог дискутира дури по две години, парламентот како и сојузната влада предлагале оваа иницијатива да се отфрли. За референдумот до последен момент се бореа во оваа година и на крајот 68 проценти од членовите гласаа за предлогот, пренесува Блумберг. Пет недели пред референдумот, 44% од Швајцарците се изјасниле дека ќе гласаат во корист на иницијативата, 44% биле против, додека останатите 12 проценти во времето на истражувањето биле неопределени. Интересно е дека , иницијативата е поддржана од претприемачот Томас Миндер, истиот човек кој почна кампањата за собирање на потписи за референдум што , ако се донесе, на секој возрасен во Швајцарија треба да му се даде безусловна месечна надокнада од 2.500 швајцарски франци. Економски и истражувачки одделот ETH, Цирих (KOF) објави студија врз основа на официјални статистички податоци во кои се вели дека 1200 компании ќе бидат погодени од оваа мерка, пред се во финансискиот, комерцијалнијот и осигурителниот сектор. Во текот на последната деценија разликата во платите во Швајцарија постојано расте, а особено во последниве години, и најмногу се заработува во банки, осигурителни компании и големи компании во овие сектори платите ги преминуваат сите граници. Истовремено приходите на мнозинство од населението во изминатата деценија незначително се зголеми и кога ќе се земе во предвид зголемената цена на живеење, за оние со најниски примања куповната моќ, всушност е намалена. За стотици илјади швајцарци нивните плати не се доволни за да ги платат сметките, и многу немаат никакви заштеди за да се снајдат во екстремни случаи. Од друга страна, оние со многу високи приходи имале зголемување на платите од 19% во период од 2000 година до 2010., додека оние со пониски добиле зголемување за само 5% во истиот период. Кога зборуваме за статистика во богатство, сликата е уште подрастична. Најбогатите дел од само 1% од населението контролира 39% од богатството. 10%,од најбогатите имаат 74% од богатството на Швајцарија, додека останатите 90% се контролирани од само 26%. Најбогатите 0,1% добива годишен приход од неговото богатство од околу 2,5 милиони франци, додека најниска заработувачка што ја добиваат оние 50% е само 380 франци по лице годишно. Со други зборови, додека тие 50% од населението добива само 1 франк дневно, 0,1% богатите добиваат 6888 франци на ден по лице, во согласност со WSWS. Овие бројки покажуваат дека нееднаквоста во платите е голем проблем, додека другата страна збогатувањето има длабоки корени во швајцарскиот општество. Поради што се верува дека и прифаќање на "Иницијативата 01:12" нема да го промени овој феномен. К.K.