05 Мај, 2024
0.0439

Што е шпекулативен балон?

Објавено во: Анализа 22 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Можеби мислите дека сме заборавиле на  продорот на најголемиот имотен балон во светот во 2006 година и балонот на финансиските пазари во 2007 година, но грешите. Еве што се јавуваат гласините за појавата на нови балони. Во многу земји имотниот  балон продолжува да се надувува, а во други – допрва се најавува. Слушаме за нов балон на светските берзи, балон на пазарот на долгорочни обврзници во САД и други земји, балон кај цената на нафтата, на златото и така натаму и така натаму. Во својата анализа пред Project Syndicate Роберт Шилер, професор по економија на Универзитетот Јеил и Нобелов лауреат за економија за 2013 година, ни открива што е тоа шпекулативен балон, како доставува на нашето внимание неговата дефиниција. Професорот не очекувал да види издут на нови балони. Сепак сватил дека греши кога ја посетил Колумбија минатиот месец. А во моментов таму има имотен балон. Тој се шетал низ улиците на Картагина и видел дека импресивни мултимилионски имоти ги смениле сопствениците. Централната банка на Колумбија води статистика за цените на недвижностите во трите најголеми градови - главниот град Богота, Меделин и Кали. Индексот во реални услови се зголеми за 69% од 2004 година. Најголем пораст тој регистрира по 2007 година Ова потсетува на растот на слични индекс во САД, кој во реални услови се зголеми за 131% за периодот од 1997 до 2006 година, кога го достигна својот врв. По ова  се поставува прашањето кој балон е шпекулативен? Англискиот речник на Оксфорд го дефинира балонот како "се што е кршливи, неодржливо, празно, лишено од вредност, бескорисно, дури лажно". Од 17 век наваму пак често се користи како термин за извршување на лажни трговски и финансиски шеми. Можеби за тоа значењето на зборот "балон" се користи толку лесномислено. Јуџин Фама, проповедникот на хипотезата за ефективните пазари го одрекува постоењето на балоните. Во интервју за The New Yorker тој вели: „ Дури не знак што означува балонот. Го слушам тој збор многу често. Не мислам дека има некакво определено значење.“ Во една од неговите книги професорот Шилер се обидува да даде подобра дефиницја за зборот балон. Шпекулативен балон е ситуација во која медиумите за зголемувањето на цените го поткрепуваат ентузијазмот на инвеститорите, што психолошки се распространува како зараза од човек на човек. Процесот создава гласини кои можат да го забрзаат покачувањето на цените. Тоа привлекува нови и нови инвеститори, кои и покрај сомнежите за реалната цена на инвестицијата завземаат свои решенија водени единствено од зависноста спрема тие кои успеале да ја искористат ситуацијата, но и водени од поголеиот апетит за ризик. Изгледа тоа е главното значење на зборот, кој веќе се претвори во заедничко. Сокирено за нас во таа дефиницја е зошто е толку тешко за инвеститорите кои располагаат со внатрешна информација, да ја искористат и да се заложуваат за возникнувањето на балоните. Психолошката зараза го менува начинот на мислење и го оправдува нагласокот дека цените ќе се зголемат. Така што учествувањето во балон може да биде наречено и рационално. Но всушност не е. Историојата во секоја земја е различна, затоа што во секој медиумите се восприемаат на различен начин. Например, случувањата во Колумбија веројатно ја симна инфлацијата и каматните проценти и сега тие се блсики до тие во развиените земји. Тоа се случи благодарение на властите кои всушност се соработници на претседателот Хуан Мануел сантос. Ако ги исклучиме заплашувањата на бунтовниците, намалувањето на инфалцијата и даноците и даваат живот на колумбиската економија. Според мене тоа е една добра историја, која можеби го содала имотниот балон. Бидејки балоните се основен социјален и психолошки феномен по својата природа тие се тешки за контролирање. Дејствијата на регулаторните органи по финансиската криза можат да ја намалат веројатноста да се појават балноите во иднина. Но стравот од нив може да прерасне во психолошка зараза која може да произведе нови. Кога го слушаме зборот балон може да си претставиме и издувувачки меур од сапун кој пука неочекувано и неповратно. Шпекулативните балони сепка не го завршуваат толку брзо звојот живот. Во дејствување тие можат да го намалат својот обем, но ако се промени историјата можат и однова да се издуваат. Можеби ќе е по точно да ги наречеме тие епизодични промени како шпекулативни епидемии. Од грипот знаеме дека една нова епидемија може да се појави наеднаш при појавата на нов вирус или при  зголемен ризик од зараза, иако старата се уште не е исчистена. Такво нешто важи и за шпекулативниот балон. Тои може да изникне насекаде, ако се создаде дуир и една новина за економијата која ќе биде толку влијателна за да го промени мислењето на инвеститорите. Тоа се случи со покачувањето на цените во САД во 1920 година. Тој период го достигнува врвот во 1929 година. Уште тогаш откривме дека за балоните е карактеристичен периодот кога се покачуваат цените, проследен со ненадеен пад што предизвикува катастрофа со огромни последици. Всушност реалните цени на акциите во САД по Црниот вторник ја вратија половина ос својата вредност во 1930година. Следува нов пад, но и пик во периодот 1932-1937 година проследен од трет пад. Шпекулативните балони не завршуваат така како што завршува една кратка приказна, новела или пиеса. Кај нив нема финансиска разврска која со себе би ги носела и сите елементи на еден расказ како кулминацијата и заклучокот. Никогаш не знаеме кога ќе дојде крајот на нивната историја. K.K    

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад