16 Мај, 2024
0.0263

Што ги плаши пазарите во развој?

Објавено во: Анализа 01 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Стравувањата за повторување на настаните од средината на 2013 година натераа голем дел од официјалните гости на Светскиот економски форум во Давос да разговараат околу изгледите за валутите на новонастанатите пазари. Во пресрет на конференцијата во планинскиот швајцарски град аргентинското песо поевтине со над 11 отсто.Турската лира пак погоди нов историски минимум во однос на позадината на политичкиот хаос во земјата. Многомесечни дна ги погодија и валутите на Тајланд, Јужна Африка, Јужна Кореја. Несомнено американскиот долар продолжува со доминацијата пред останатите валути во трговијата и меѓународните финансиски трансакции. Заедно со тоа на глобално ниво обемот на овие трансакции продолжува да се зголемува. Конкурентските валути добија улога на противник "тешкаш", но само за да отстапат, откако економските услови во нивните земји се влошија уште повеќе. Светот се 'уште е силно изложен на влијанието на монетарната политика на САД. Покрај благота контракција на стимулациите од крајот на минатата година монетарната политика на ФЕД продолжува да е најблаго речено флексибилна. Токму затоа интерес предизвикува седницата на централната банка, што може да даде одговор на најважното прашање - колку институцијата има храброст да продолжи со реформите? Покрај неспорната сила на ФЕД постојат сепак и фактори, позиционирани надвор одлуките на американската централна банка. Меѓу нив може да истакнат главно проблемите во рамките на самите пазари. Негативните фактори се различни во различните краишта на светот, но во најголем степен се поврзани со едно исто - политиката. Трендот политиката да зема надмоќ над здравата економска логика не е од денес или вчера. И покрај сето научените гледишта остануваат во позадина за сметка просперитетот на одредени сили. Јасен пример за мешање на политиката во пазарот и економијата е ситуацијата во Турција. Со оглед на фрустрација на лирата најмногу природна реакција на централната банка е зајакнување на курсот со помош на серија од интервенции на девизните пазари. Сепак Анкара го става на пиедестал економскиот раст, кој тешко би можел да биде постигнат при зголемување на трошоците за финансирање. Стремежот на земјите во развој да го задржат курсот кон скратување на растојанието со развиениот свет поминува низ студиите на едно едноставно правило - економијата треба да зависи само и единствено од човековите активности. Сето друго поминува надвор од сферата на реалниот пазар и квалитативните стимулации за развој.   К.К.