Што и одговори Борис Малагурски на Дуа Липа?
Објавено во: Балкан 23 Јули, 2020
Откако британската пејачка со косовско потекло, Дуа Липа објави мапа на Голема Албанија на социјалните мрежи, со реакција се јави и српско - канадскиот режисер, Борис Малагурски.
Неговата осуда за гестот на Дуа Липа ја пренесоа медиуми од Европа, но и од Јужна Америка.
„Твојата одбрана на екстремен национализам и експанзионистичкиот проект на Голема Албанија покажува дека твојот ум е отруен. Оние кои се бореа за вашиот „болен сон“ се именувани како терористи од страна на Стејт департментот, нивниот лидер неодамна беше обвинет за воени злосторства “, реагира Малагурски.
Дуа Липа пак откако имаше бурни реакции, кажа дека погрешно била протолкувана.