Што им порача Садик Кан на Американците незадоволни од Трамп?
Објавено во: Свет 17 Ноември, 2016
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан ги повика жителите на САД, кои се разочарани од победата на републиканецот Доналд Трамп на претседателските избори, да се преселат во британската престолнина, пренесоа агенциите, повикувајќи се на весникот „Ивнинг стандард".
„Сфатив дека милиони луѓе ги поставуваат прашањата на интернет пребарувачот Google како да емигрираат. Ако талентирани луѓе од САД сакаат да дојдат тука во Лондон, мојата порака е едноставно - Лондон е отворен" - рече Кан.
По победата на Трамп беше соопштено дека многу Американци почнаа да истражуваат како да емигрираат во Канада, што предизвика пад на веб-страницата на агенцијата на канадските имиграциски услуги.
Хан им предложи на незадоволните да ја испитаат можноста да се преселат во Лондон.
По победата на Трамп со денови имаше протести во повеќе градови ширум Америка.