26 Април, 2024
0.0263

Што јадат, а што не најмоќните луѓе во светот?

Објавено во: Стил 08 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Обама, не сака цвекло и не сака тој да биде на менито на Белата куќа, Саркози пак  не јаде никакви кашкавали, ова се само дел од тајните откриени за тоа што навистина сакаат да јадат најмоќните луѓе на светот. Сепак честа да им се угоди и готви  на  претседателите, кралевите и шеиците  ја имаат во клубот на готвачи „Le Club des Chefs des Chefs“. Клубот на готвачи  е основан пред 35 години, членовите се состануваат еднаш годишно и тогаш тие меѓу себе ги делат тајните рецепти и совети за вечера и приватните забави на државниците.

Добар оброк ја намалува тензијата

Ако Винстон Черчил бил во право кога рекол дека „стомакот владее се светот“, тогаш овогодишниот состав од 27 готвачи се оние кои можат да влијаат на многу одлуки од витално значење за нашата планета. Бидејќи, сепак нивната храна е таа која влијае на расположението, на опуштањето и забавата на светските челници пред важни состаноци на кои потпишуваат важни одлуки и договори.

Кулинарски страсти

Средба на најдобрите готвачи во светот оваа година е одржана во Париз. Големите 27 готвачи на новинарите им откриле некои од строго чуваните тајни на кујната на Белата куќа, Кремљ и Елисејската палата. На пример, Владимир Путин е единствениот шеф на државата која има свој личен дегустатор на храна – тој јаде апсолутно се пред да проба неговиот шеф. Американскиот претседател Барак Обама, не сака цвекло и не сака тој да биде на менито на Белата куќа. Францускиот претседател Франсоа Оланд никогаш не јадел артичоки. Никола Саркози не јаде никакви кашкавали. Германската канцеларка Ангела Меркел  ја обожува француската кујна и честопати заради оброк лета за Париз.

Готвачи кои можат да го променат светот

Членовите на овој ексклузивен клуб со своите идеи  можат доста  да влијаат на атмосферата и расположението на големите водачи, па така, за состанокот помеѓу Оланд и Меркел, на кој се одбележувала 50-годишнината  од германско-француското помирување, француските готвачи одлучиле да го приготват истото мени кое било на официјалната вечера на Чарлс Де Гол и Конрад Аденауер кога го потпишале Договорот за пријателство.  

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти