30 Април, 2024
0.0254

Што ќе добиете и колку чини најскапата вечера во светот?

Објавено во: Стил 25 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Ресторанот „Ce La Vi“ во Сингапур измисли проект кој им нуди на клиентите можност да поминат незаборавна вечера во луксузна и префинета атмосфера.

За најубавото искуство сепак ќе треба да ја платите огромната сума од 2 милиони долари. Тоа ќе трае околу осум часа. Започнува со 45-минутен лет со приватен хеликоптер над Сингапур и продолжува со турнеја со јахта, а потоа и со прошетка по улиците со „Rolls Royce“.

Потоа лимузината ги носи клиентите до самиот хотел „Marina Bay Sands“, каде што ќе можат да се оддадат на заслужен одмор и да уживаат на фантастичен поглед од покривот, на кој е сместен токму во ресторанот-организатор на најскапата вечера во светот, пренесе „ThisIsInsider“.

Доживувањето е за две лица кои ќе бидат пречекани од страна на персоналот на ресторанот, но и од 10 илјади црвени рози на масата. Потоа ќе ги очекува уште една изненадување - специјално приготвено мени, вклучувајќи 18 различни јадења. Статистите не запираат тука, а продолжуваат со дијамантски прибор со имињата на гостите кои ја платиле импресивната сума, но ќе добијат остриги Belon и најскапиот кавијар Аlmas Caviar, придружени само од 44 и 55-годишни вина.

Самата вечера завршува со уникатен подарок кој претставува со 2.08-каратниот прстен од син дијамант со позлатена платинеста рамка на компанијата „World of Diamonds“, пренесе Digital.