26 Април, 2024
0.0303

Што ќе значи забраната за увоз од Словенија, Црна Гора и Босна?

Објавено во: Агробизнис 09 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Во Македонија засега нема регистрирано случај на заболени говеда, овци или кози од болеста „син јазик“, но надлежните треба да бидат претпазливи, порачувааат фармерите. Посочуваат дека опасност за појава од оваа болест во земјава постои, но ако таа се појави во Бугарија и Грција. Деновиве Македонија забрани увоз на живи животни,ембриони и јајце клетки од Словенија, Црна Гора и Босна и Херцеговина поради појава на болеста син јазик кај говедa и овци, во некои региони од овие три земји. Во Словенија според информациите од тамошната Агенција за храна и ветеринарство засега се регистрирни две зболени овци кои се усмртени, а земаат мостри од останатите животни во областа Илирска Бистрица. Домашните фармери велат дека мерката за забрана е добра, но Македонија не увезува живи животни од овие три земји, единствено минимално се увезува генетски материјал од Словенија. „Никогаш не сме увезувале живи животни од Словенија, ниту пак од Црна Гора. Ние обично увезуваме живи животни од Данска, Холандија, Унгарија понекогааш, и тоа увезуваме високо-стелни јуници. И од две земји од каде што е забранет увозот нема опасаност болеста да дојде кај нас. Нормално дека увозот на генетески материјал односно јајце клетки за осеменувње ќе се забрани, но од Црна Гора тоа не го увезуваме, можеби мали количини увезуваме од Словенија, преку некоја претприемачка фирма. Во моментов нема случај на син јазик во Македонија.Опасност постои, но таа опасност не е од Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, туку од Бугарија и од Грција. Најголема опасност е да бидат заразени преку Бугарија и во деловите на Грција. Синиот јазик многу одмана е во Бугаарија, кај нас и пред некој година дојде од Бугарија, и мислам дека тие и не успеаја да ја искоренат ова болест.Тогаш надлежните беа виновни оти не преземаа превентивни мерки за да се спречи“, вели Зоран Лазаревски, фармер. Засега не е познато до кога ќе трае забраната за увоз, но од АХВ велат дека се работи за стандардна мерка и ја следат состојбата. Болеста син јазик се појавува со есенскиот период. Во Македонија последен пат е регистрирана во септември 2014 годин. Тогаш беше присутна во 42 општини, каде вкупно се заболеа 30.000 животни, а беа угинати 7.000 животни од кои најмногу овци, а помалку говеда. Хигиената е клучна за справување со болеста „син јазик“ Според ветеринарните експерти хигиената клучна за справување со ова болест која се пренесува преку комарци. „Оваа болест е секако штетна за животните , но не како шапот и лигавката, значи не е некоја многу страшна болест за животните и за луѓето.Она што е најважно вирусот не се пренесува кај луѓето. Превентивните мерки за справување со овој вирус се пред се кај сопствениците. Вирусот не може да се уништи, но постои т.н симптоматска терапија која вообичаено ветеринарите ја даваат и која можат сточарите да ја побараат. Но самите сопственици на фармите треба редовно да ги чистат фармите за да не се задржуваат инсекти, потоа да вршат дезинсекција на самите штали и нанесување на т.н репиленти кои ги одбиваат мушичките да не дојдат до животното. Кај нас има фармери кои ги применуваат овие препораки но има и такви кои не ги применуваат, сепак тоа до самите сточари, ако не сака да му заболат животните ќе ги применува, ако не тогаш штетата е на сточарите, животното ќе заболи и ќе има помала продукција“, изјави професор д-р Славчо Мреношки од Факултетот за ветеринарна медицина. За болеста постои вакцина, но засега е непознато зошто не се ваакцинират животните превентивно. Годинава поради обилните дождови фармерите велат дека има идеална полога за развој на комрци и мушички. Во земјава овој вирус бил регистран пред 14 години и последно во 2014 година. Пред две години експертите посочија дека не може со сигурност да се твди дека болеста нема да се појави повторно, но дека ако се појави тогаш животните ќе имаат веќе имунитетет и полесно ќе го прележат вирусот, освен ако не дојдат друг вид на мушички. Смртноста од вирусот син јазик во светски рамки се движи од 3 до 4 отсто. Болестите го намалуваат добиточниот фонд, а увозот на месо расте Пред две години „син јазик“, годинава „јазлеста кожа“, овие болести сериозно влијаат врз нмлување на добиточниот фонд и краајно на производството на финалните прозводи, месо и млеко. Обештетувњата од Владата не можат комлетно да ја покријат претрпента штета, велат сточарите.Бројот на говедата од 265 илјади во 2011 година, лани е намален на 253 илјади говеда. Во 2011 година 766 илјади овци, а лани се регистрирни 733 илајди овци. Производството на крвјо млеко од 376 милиони литри во 2011 година, лани е намалено на 361 милиони литри. Кај овчото млеко е регистриран пораст, од 25,4милиони литри во 2011, на 40 милиони литри во 2015 година. Но дрстичен пад има кај производството на говедското и овчото месо. Така пред шест година н говедско месо било 5.300 тони, а лани 4.870.Овчо месо во 2011 година се произвело 6.370 тони, а лани 3.980 тони. Фармерите велат дека нема стратегија за развој на производството на овој вид на месо, а дополнителен проблем е увозот на евтино месо од Бразил, Парагвај, Канада, Полска и други земји. „Минимално произведувме говедско месо и тоа што ќе се произведе не може да се продаде.Домашното производство минимално ги покрива домашните потреби.Толку сме ориентирни на увоз, особено бразилско говедско, има и од Парагвај, Украина, што дополнително не уништи. Инаку производството на говедско месо е скап процес, скапо производство, второ мали се субвенциите, трето нема стратегија државата за ова производство и тоа што ќе се произведе не може да се продаде оти сме преплавени со увоз на евтино бразилско месо, кое не е категоризирано.Увозното месо од Бразил, Канада, Уругвај,Полска,Парагвај, е месо од трета категорија, и тоа во тие земји е трета категорија и затоа е евтино, и како такво доаѓа во Македонија и кај нас се продава како прва каатегорија. А на месрниците им е евтино, луѓето го купуваат, и македонското производсво не може да исплива“, вели Лазаревски. Македонијаа годишно за увоз на говедско месо троши од 20 до 60 милиони евра. Агроекономистите постојано укажувааат дека сточарството е важна гранка за земјоделското производство поради тоа што претставува финализацатор на растителното производство. Т.С

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади