29 Април, 2024
0.0244

Што ќе се случува? Светската економија до 2020!

Објавено во: Анализа 07 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Како ќе изгледа светската економија до 2020 та година. Прашања за аналитичарите ширум светот, а показателите се повеќе од интересни. Бизнисите ширум светот имаат цел да бидат први во откривањето на новите трендови и промени во светот. Тоа ќе им ја донесе предноста да бидат први во откривање на нови технологии, фаќање подобри позиции за времето кое следува. На почетокот на новата година погледнете ги големите промени кои може да ги очекуваме оваа декада. На фотографијата горе. Се претпоставува дека САД значително ќе го зголемат производството на природен гас и со тоа значително ќе ја намалат потребата за увоз од енергенси. Се претпоставува дека до 2016 година ќе станат нето извозници на течен гас. Американците полека почнуваат повторно  да трошат. Сепак иако сеуште процентот е мал може да забележиме дека се повеќе се купува преку интернет. Неминовно овој тренд ќе зема се поголем зафат во иднина. Цените на храната. Посебно сензитивно прашања за Африка која увезува повеќе од 50% од храната која ја користи. Светот ќе има наскоро 9 милијарди жители. Кинезите се развиваат со рапидно темпо и 10% зголемување на нивниот животен стандард значи 12% зголемување на побарувачката на месо во светот. Големите климатски промени и непогоди, ја прават ситуацијата уште полоша. Храната е без дилема на агендата на работи на кои светот мора заеднички да работи. Билансите на централните банки. Што ќе се прави со целата ликвидност: Клично монетарно прашање. Само Федералните резерви и ЕЦБ за четири години ги имаат напумпано своите биланси за неверојатни 4 трилиони долари. Светот веројатно не расте така како што очекуваат банкарите, но овие биланси кога тога ќе мора да почнат да се намалуваат. Пазарот на обврзници. Во време на страв сите купуваат сигурни хартии. Погледнете го огромниот пад на приносот (предизвикан поради високата цена) на американските обврзници. Ова во моментов и одговара на земјата дека се рефинансира по ниски камати, но таа ситуација не може да трае вечно. Пазарите на обврзници тежат трилиони долари, секое нивно пореметување може да има голем импакт и на економијата генерално. Повеќе пари, повеќе проблеми. Здравствената индустрија во Кина тежи 20 милијарди долари, само оваа декада ќе расте по 20% годишно. Кина до 2020 ќе биде втора земја во светот на овој на план. Трендот на паметни телефони се чини дека само што започнува, иако делува дека дури и кај нас исто како во САД сме на пола пат. Без дилема овие телефони ќе ги заменат оние кои сега најмногу ги има во светот. Рапидниот раст само го потврдува горниот графикон Дали Африка ќе ги замени земјите од БРИКС? Исто така едно од најзначајните прашања на новата декада. Гледате како полека но сигурно успеваат да го достигнат растот на петорката од БРИКС Телевизијата не се дава, но интернет медиуми ќе зафаќаат се поголем дел од рекламниот колач. Ова може да биде супер добра работа. Замислете додека одите некаде на одмор, по пат да може да јадете, читате, да гледате телевизија и слични активности. Веќе оваа година започнаа првите обиди, па така може да дојде време кога ќе возат само оние што сакаат. Во меѓувреме Кинезите ќе купуваат автомобили….многу автомобили. Редакција Фактор