06 Мај, 2024
0.0261

Што може да ви се случи ако претерате со електронските цигари?

Објавено во: Стил 26 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Електронските цигари предизвикуваат истата зависност, како и традиционалните.

До овој заклучок дошле научниците од Калифорнискиот универзитет во Сан Франциско.

Причината е дека во електронските цигари се содржи течен никотин, кој го предизвикува најмоќното привикнување.

Заклучокот е направен откако за време на друго истражување научниците откриле дека постепеното намалување на количеството никотин во цигарите не помага за нивно откажување. Само еден од 136 пушачи успеал да се откаже цигарите со оваа тактика за една година.

Електронските цигари често се сметаат како алтернатива на традиционалните. Тие не го горат тутунот, а ја загреваат и испаруваат течноста која содржи никотин и други вкусови.

Во текот на истражувањето научниците одлучиле да го одредат нивото на никотин во оваа течност и да го разјаснат неговиот тип.

Од трите вида никотин истражувачите ја откриле во течностите за електронски цигари најсилната форма - т.н. чист никотин, кој многу лесно се апсорбира од организмот.

Што е уште поважно - истражувачите разјасниле дека никотинот во електронските цигари често не се совпаѓа со наведеното на пакувањето. Научниците докажаа дека поради високата содржина на течен никотин, кој брзо доведува до зависност, шансите за откажување од пушењето кај љубителите на електронските цигари се минимални.