19 Мај, 2024
0.0324

ШТО МУ ПОРАЧА ХРВАТСКИ ПРАТЕНИК НА ПЛЕНКОВИЌ: Имаме морална обврска да ја заштитиме Македонија од националистичкиот „булинг“ на Бугарија

Објавено во: Македонија, Балкан 18 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Независниот хрватски пратеник во Саборот на таа држава, Бојан Главашевиќ, со сериозно прашање до Андреј Пленковиќ, премиер на Република Хрватска. Тој ова му го поставил во форма на пратеничко прашање на Пленковиќ, и очекува да добие одговор на оваа дилема.

Еве што напиша до премиерот Хрватскиот пратеник. 

„Во изминатите неколку месеци се почесто слушаме загрижувачки изјави од официјалниѕе лица од Република Бугарија, во кои тие го оспоруваат јазикот, културата и идентитетот на Републик Северна Македонија, и од таа соседна држава бараат преку отстапки кои одржуваат националистички претензии, а не дух на добрососедски односи и вредности на кои е втемелена Европската унија. 

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева најави блокада на почетокот на пристапните преговори доколку Македонија не „признае“ дека нејзиниот национален идентитет и јазик имаат бугарски корени и доколку не претстане да тврди дека во Бугарија постои македонско малцинство. Таа исто така изјави дека македонската „целокупна државна политика и натаму се заснова на јазикот на омраза“.

Гворот и интонацијата на ваквите изјави и се добро познати на Хравстка: со таков јазик говореа идеолозите на големосрпската агресија на нашата татковина, во хушкачките говори кои и претходеа во осумдесетите години на минатаиот век. 

Поради ова, а и поради фактот што Хрватска со Северна Македонија дели силни пријателски, историски и културни врски, сметам дека имаме обврска, пред се морална, да обезбедиме дека во рамките на пристапниот процес Северна Македонија ќе биде третирана чесно, и ќе биде заштитена од националистички „булинг“.

Во светлото на сето ова, моето прашање гласи - дали, и на кој начин ќе интервенирате за да осигурате дека пристапниот процес ќе се одвива во добра верба, и дека Северна Македонија во него ќе биде заштитена од обидите на Бугарија тој процес да го злоупотреби за решавање на отворени билатерални прашања со Северна Македонија“, пишува Главашевиќ во своето прашање до Пленковиќ.

А Бугарија вчера и официјално го блокираше напредокот на Македонија на патот кон Европската унија.

Можеби ќе ве интересира

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево