30 Април, 2024
0.0332

Што не треба да пишувате во вашето CV?

Објавено во: Стил 04 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Иако имате соодветно образование и работно искуство, сепак не ве викаат на интервју затоа што вашето CV e полно со клишеа.

Има работи кои треба да ги избегнувате, за да вашето CV  се разликува од другите.

Во вашата биографија не треба да ставите збор перфекционист, посебно не ако конкурирате за некоја сериозна работна позиција.

Кога наведувате кои способности ги поседувате, треба да бидете реални.

Не пишувајте работи кои не се поткрепени со сертификат или диплома.

Во биографијата не пишувајте дека сте тимски играч, затоа што така оставате впечаток дека немате што да наведете друго. Оваа фраза не значи ништо за работодавецот додека не се докажете во пракса.