26 Април, 2024
0.0244

Што повеќе сè прeговара, помали се шансите за решение

Објавено во: Колумни 30 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Нормално ли е да се очекува политичар од маштапот на Груевски, осомничен за криминогено работење, кој еднаш го аболицираа па потоа го „одмилуваа“,  да ги испорача неопходните реформи за да се направи демократски пресврт во развојот, во разумно време, со цел  да се ублажат негативните последици  од продолжувањето на кризата во земјата? Крикот на граѓаните веќе не може да го задуши ниту провладината пропаганда. Гневот од криминалното владеење одамна се изли на улиците и врз фасадите на „новото“ Скопје. Но, прашање е дали ваквиот развој на настаните може да доведе до посакуваните резултати, доколку протестите брзо не резултираат во создавање на услови за ефикасна пресметка со криминалот во врвовите на власта и за елиминирање на автократското владеење. Оддолжувањето само му оди во прилог на манипулаторот. Тој мора да се пресретне во реализирањето на неговите финти. Остварувањето на опозициските намери и досега се судруваше со бессмислени аргументи. Од тоа дека за кризата е виновна опозицијата, иако насекаде во светот за кризите се одговорни властите (освен во Македонија), па се’ до обвинувањата на опозицијата дека таа е виновна и за одложувањето на изборите (иако властите не остварија ништо од договорените обврски за одржување на фер и слободни избори). На опозицијата и го нагрбачија и обвинувањето дека премногу бара. Инсистирала на целосно повлекување на одлуките за аболиција, а не се задоволува со  повлекувањето на аболициите на  22 „политички експонирани“ лица. И додека се чудиме како луѓе со највисок степен на образование, инфатилно го  заобиколуваат развојот на опшествените деформации, а оние кои се на највисоки политички функции не сфатија и не разбраа дека своето однесување и постапки треба да ги усогласат со своите функции, бившиот премиер и Претседателот ја продолжуваат својата игра. Овие двајца, со државните органи и институции под нивна контрола, едноставно си играат мајтап. Без срам и перде, година дена ги избегнуваат обврските што не им се бендисуваат, а инсистираат на оние кои им се по ќеф, надевајќи се дека ќе ги прејдат другите договорни страни, вклучувајќи ги и граѓаните кои очекуваат ефикасно разрешување на кризата. Груевски, всушност, точно знае во што е работата, меѓутоа со нападите изнудува, опозиционите сили барањата да ги насочуваат кон нештата од кои тој веќе и се откажал, остварувајќи ги намерите за себепромовирање во политичар посветен на решавање на кризата. Наскоро ќе видиме со што ќе ја валоризира идната одлука на Иванов за повлекување и на другите 34 одлуки за аболиција. И што е најстрашно, тој не е виновен што се’уште успева да валоризира и покрај позицијата во која се наоѓа, а притоа сите, вклучувајки го и меѓуародниот фактор  ги прави  недоветни. Со самиот факт што веќе сите го запознаа системот на неговото делување, навистина се’уште добива премногу разбирање и „тинтрање„ и од опозицијата и од странците. Останува енигма од каде стравот да не му се блокираат сметките, негови и на неговите пајташи, се’уште да не ги закачат на црната листа на  непожелни гости во земјите кои поддржуваат демократски процеси и на крајот сериозно да не им ги сосечат крилата кои им даваат сила, а тоа е да ги секнат изворите на финансирање. Се’ додека вентилите му се отворени справувањето со „мангупот“ ќе оди тешко. Впрочем, само доколку секнат исплатите „верните клиенти“ стануваат „остри критичари“, бидејќи не добиваат ништо за „верноста“. А во нашата „фирма“ има многу клиенти. И да не заборавиме, без создавање на нормални услови за непречено одвивање на работата на Специјалното јавно обвинителство, маневарскиот простор за имплементирање на финтите на лидерот е изразито голем. Во оваа смисла, мора да се забрза изјаснувањето на Уставниот суд по иницијативите  за оценување на уставноста на СЈО. Да не се случи сите постапки да паднат во вода, ако „независниот“ суд донесе одлука за неговата неуставност. Таквиот расплет им одговара само на „одмилуваните“. Но, дури тогаш тензиите во општеството ќе се заострат до тој степен што е тешко да се предвидат последиците.  И затоа е потребна будност, но благовремено. Што повеќе се проговара со генераторите на проблемите шансите за решение се помали. Впрочем, тие немаат интерес истите да се решат, затоа што  судбината потоа им е повеќе од извесна, но не и розова. Тие, со полна уста за реформи со години успеаја земјата да ја вратат наназад во демократскиот развој, а во економскиот да ја доведат на дното во Европа. Нема никакви причини   да се остави простор  било кој да се спаси од одговорноста за своите постапки и однесувања. Без секого се може, но не и со секого. Еднаквоста пред законот е интерес не само на опозиционерите туку и на голем дел од приврзениците на власта, на народот, што би рекол бившиот премиер. Веќе сите сфаќаат дека сега се работи за тоа каква Македонија ќе градиме, а успехот во пресвртот кон подобро зависи од пресметката со криминалот во власта. Впрочем, без консеквентна правна пресметка со криминалот во власта комплетно ќе престанат надежите за изградба на подобра Македонија.  Криминалната власт мора да заврши на начин, никому повеќе да не му текне позицијата да ја користи за остварување на лични и партиски интереси. Затоа, земјата мора прво да се „исчисти“ и само така  исчистени од криминалците, ќе можеме да го видиме светлото од тунелот во кој лутаме подолго време. До светлото нема да стигнеме доколку оставиме преговорите да бидат алатка со кои единствено криминалците ќе добиваат на време. Д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД