04 Мај, 2024
0.0243

Што прават успешните луѓе пред спиење?

Објавено во: Стил 07 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Науката вели дека она што го правите пред спиење многу влијае на вашиот сон, енергија и расположение следниот ден. Менталното и физичко здравје доонесуваат успех, а овие седум ритуали на сајтот Curious Mob ќе ви помогнат во тоа.

Замислувајте го утрешниот успех-Сигурно сте слушнале за познатиот мотивационен филм The Secret, кој објаснува колку визуелизацијата на успехот е важна и како себе си на тој начин си присобираме позитивна енергија и подоцна, свесно или несвесно, влијаеме кон тоа.

Читање-Успешните луѓе се склони да читаат пред спиење. Посебно поради тоа што немаат многу време во текот на денот. Но факт е дека мозокот посебно процесуира работи со кои се занимава непосредно пред спиење. Информациите ви се повеќе од потребни, со самото тоа  и читањето. Што и да било, блог, Твитер или античка филозофија.

Прават список на обврски за утре-Луѓето понекогаш не можат да спијат бидејќи премногу од тоа имаат на ум. Тој хаос треба да се смири со список на кој ќе ги ставите вашите обврски. Ослободете ги мислите и тензија со редот кој ќе го направите.

Поминуваат време со семејството- Психолозите наведуваат дека ништо не смирува како поминувањето време со семејството или миленикот пред спиење. Дури и разговор со партнерот во постела може да ви помогне и да ве направи безгрижни.

Сумирајте го денот-Успешните луѓе сакаат да подвлечат линија од тој ден и да се посветат на настаните. Тогаш посебно сакаат да се сетат на работите на кои се благодарни. Тоа им помага да останат мотивирани посебно кога поминуваат низ лош период. Тоа понекогаш го стават и на хартија и сумираат работи кои им измамуваат насмевка на лицето и ја подигаат самодовербата.

Медитираат-Има многу успешни луѓе кои го работат ова. Нивниот мозок финкционира забрзано и често се во акција. Многу им е тешко да се смират одеднаш и да потонат во сон. Десетминутна медитација го опушта духот и телото.

Не се во контакт со работа-Сите бизнис успешни луѓе навечер ги проверуваат своите меилови и обврски за следниот ден но границата мора да постои. Оние кои се навистина успешни во еден момент ги исклучуваат сите уреди. Нивниот ум е слободен, одморен и без тензии.

Далеку од негативни мисли-Последно што треба да направите е да не потпаѓате во замка на негативни мисли кои ве јадат и поради кои сто пати се преиспитувате сакајќи да постапевте поинаку. Успешните луѓе се истренирале себе си така што размислуваат исклучиво позитивно пред спиење.