26 Април, 2024
0.0312

ШТО ПРАВИМЕ ОД ЖИВОТОТ: Премногу зборуваме,премалку сакаме, пречесто мразиме, ретко се молиме...

Објавено во: Стил 30 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

„Парадоксот на нашето време е да имаме поголеми згради, но кратки нерви, широки патишта но тесни видици, трошиме повеќе, а имаме помалку, купуваме повеќе, уживаме помалку.

Имаме поголеми куќи, а помали семејства, повеќе удобност, а помалку време, имаме повеќе дипломи, но помалку разум, повеќе знаење, а помалку размислување, повеќе експерти, а уште повеќе проблеми, повеќе знаење во медицината, а се помалку здравје.

Пиеме премногу, пуштиме премногу, трошиме непромислено, се смееме премалку, возиме пребрзо, лесно се лутиме, предоцна легнуваме, стануваме изморени, читаме недоволно, гледаме ТВ премногу.

Се молиме ретко.

Ги зголемивме нашите имоти, ама ги намаливме нашите вредности. Премногу зборуваме, премалку сакаме, пречесто мразиме. Научивме како да преживуваме, но не и како да живееме. Му додаваме години на животот, но не и живот на годините.

Патувавме на месечината, а проблем ни е да ја преминеме улицата и да го запознаеме новиот сосед. 

Завладеавме со надворешниот простор, но не и со внатрешниот. Направивме големи, но не и подобри работи.

Не го изчистивме воздухот, а си ја загадивме и душата. Го разбивме атомот, но не и нашите предрасуди. Пишуваме повеќе, а учиме помалку. Планираме повеќе, а постигнуваме помалку. Научивме да брзаме, но и да чекаме. Имаме поголема заработка, но и понизок морал. Имаме се повеќе храна, а се повеќе неблагодарни сме. Градиме силни компјутери со поголема меморија, но разговараме се помалку и помалку. Тежиме кон квантитет, а забораваме на квалитет.

Ова се времиња на брза исхрана и бавно варење, големи луѓе, а мали карактери, брзи заработки и површни односи. Ова е време на мир во светот, а војна во куќата. Време на разновидна храна, и лоша исхрана.

Се помалку финансиски проблеми во бракот, а се повеќе разводи, се повеќе луксузни куќи, но и поделени домови, ова се денови на брзи патувања, оскудна облека и низок морал, се подебели луѓе, и таблети кои можат се-да те неразположат, отупат или убијат.

Запомтете: Поминете што повеќе време со вашите сакани, бидејќи тие нема да бидат вечно покрај вас. Кажете понекогаш љубезен збор на оној кој ве гледа одозгора со стравопочит, бидејќи таа мала личност наскоро ќе порасне и отиде.

Сетете се да му дадете топла прегратка на оној покрај вас, бидејќи тоа е единственото богатство кое може да го дадете со своето срце, а не ве чини ништо. Сетете се да кажете „Те сакам“ на својот партнер и вашите сакани, но најмногу од се искрено мислете така. Бакнеж и прегратка може да излекуваат рана, ако доаѓаат длабоко од срцето. Сетете се да се држите за рака и да ги почитувате моментите кога сте заедно, бидејќи еден ден таа личност нема да биде тука. Најдете време да сакате, најдете време да разговарате, и најдете време да ги споделите вашите драгоцени мисли со другите.

Смејте се често, долго и искрено. Смејте се додека не изгубите здив. Солзите се случуваат. Издржете, преживејте. Кажете им на луѓето кои ги сакате дека ги сакате, во секоја прилика, бидејќи животот не се мери со бројот на вдишувања кои ги вдишуваме, туку со моменти кои ни земаат здив“...

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти