26 Април, 2024
0.0305

Што разговараа Могерини и Коѕиас за спорот за името?

Објавено во: Македонија, Балкан 22 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Прашањето за името на Македонија, Турција и Кипар се темите за кои вчера во Атина разговарала високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини со грчките политичари. 

Таа се сретна со грчкиот премиер, Алексис Ципрас и шефот на дипломатијата, Никос Коѕиас.

Могерини ја истакна важноста на Балканот. Таа изјави дека регионот ќе биде приоритет за Унијата. Могерини се надева дека во наредните месеци ќе има повеќе можности да се направи напредок во разговорите меѓу Атина и Скопје за спорот околу името, и меѓу Приштина и Белград за тешкотиите кои ги имаат двете земји меѓу себе.

Коѕиас вели дека Грција во целост ги поддржува напорите на ЕУ за влез на Западен Балкан во европското семејство.  Коѕиас додаде дека „се надева оти решавање на прашањето за името сега ќе биде полесно отколку во минатото, со оглед на промената на власта во Македонија“. Тој додаде дека Атина ја поддржува целта на Скопје за влез во Унијата откако ќе биде решено прашањето за името.

Могерини истакна дека по последниот круг од преговорите за Кипар во Швајцарија има надеж мировниот процес да продолжи, кога политичките околности ќе станат соодветни.
Според владини извори, Ципрас изјави дека членството на Турција во блокот треба да зависи од решавањето на кипарското прашање.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот