Што се е потребно за успешен бизнис?
Објавено во: Финансии 12 Август, 2021
Сигурно многумина од Вас се запрашале што претставува успешен бизнис модел? Или пак што претставува успешен бизнис? А, следствено на сето тоа се поставува и прашањето што е успех, и како се мери. Водењето на бизнис во Македонија претставува вистински предизвик. Соочувањето со секојдневните предизвици и стресното време во кое живееме ни наметнува нестабилна околина и постојан притисок. Низ годините досега сме увиделе многу примери на успешни компании и секогаш сме се прашувале како да се постигне истиот успех. Одговор на ова прашање има, иако сè е индивидуално.
Успешните компании имаат успешни менаџери. Покрај сите оние вештини кои мора ги поседува еден менаџер, многу важно е да се биде емпатичен и да се биде лидер кој ќе знае да се соочува со предизвиците на модерното време.
Претпоставките во бизнисот може да Ве одведат во еден погрешен правец, особено ако не знаете како да ја планирате и менаџирате Вашата работа. Постојат неколку неопходни чекори што мора да ги направите за да чекорите по патот на успехот.
ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ДОБАР ТИМ
Тимот е оној на кој се основа една компанија. Има една стара народна поговорка која вели“Една ластовица не чини јато”. И тоа е факт. Тимот е двигател на една компанија. Тимот е оној кој носи успех. Вистинските менаџери тоа го препознаваат и го трасираат патот на компанијата.
АНАЛИЗИ И ИНФОРМАЦИИ
Секој успешен менаџер знае дека мора да внимава на бројките и на анализите и така да го креира својот пат. Успешните менаџери инвестираат во анализи, истражувања и во извештаи преку кои можат да дојдат до успехот. Ние како медиуми и новинари нашите сознанија ги добиваме преку МКБ – Македонското Кредитно Биро и можеме да потврдиме дека нивните извештаи се квалитетни и единствени. Замислете колку е едноставно да го креирате патот доколку имате вистински информации и сознанија за Вашите соработници и нивните финансиски резултати, бонитет или кредитна изложеност пред да започнете било каква соработка со нив. Тоа е клучно за успехот.
ПОСТОЈАНО ИНВЕСТИРАЊЕ
Менаџерите на успешните компании постојано размислуваат за инвестирање во нешто ново, во ширење и развој на својот бизнис. Успешните менаџери знаат дека бизнисот е глобализиран и дека денеска е многу лесно да се биде успешен насекаде во светот. Истражувањата на пазарот и информациите за кои зборувавме и погоре се клучни за развој. Ефикасен и успешен менаџер не штеди на информации. Тие се клуч на успехот. Замислете дека сакате да инвестирате во проект во некоја држава низ светот, пример Италија, или пак имате партнер за кој немате информации, а можете да дознаете сè за нив. Извештаите на МКБ – Македонското кредитно Биро содржат бонитетни информации за странски компании од повеќе од 200 држави низ светот. Сега во време на дигитализација и свет во кој информациите се подостапни од било кога е лесно. Верувајте.
ГОЛЕМА ВИЗИЈА
Големите амбиции и визијата се едни од клучните карактеристики на успешните менаџери. Според некои истражувања кај нас, македонските бизнисмени се вредни, но ретко ја гледаат големата слика пред себе. Мудроста и ефективното лидерство се иднина на секој успешен менаџер.