03 Мај, 2024
0.0433

Што се случи пред 50 години?

Објавено во: Мои пари 01 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Има голем број на историски случувања и датуми кои влијаеле во обликувањето на модерната цивилизација. Некогаш биле потребни години за да се остварат нивните резултати, а еве неколку клучни моменти кои се случиле пред 50 години, а без кои сегашноста би изгледала целосно различна.


Првиот човек на Месечината

Леталото Аполо 11 го започнало своето историско патување кон Месечината на 16. јули 1969 година, а својата цел ја остварилона 21. јули. Нил Армстронг бил првиот човек кој стапнал на површината на месечината, а бил проследен од Баз Алдрин. Оваа мисија го одбележува почетокот на брзиот развој на вселенските истражувања кои придонеле до нови откритија за нашата галаксија и вселената генерално. Неколку децении подоцна била создадена и Меѓународната вселенска станица како заеднички глобален напор на човештвото кон постојано научно-истражувачко присуство во вселената.

Интернетот

Долго време се води дебата за тоа кога Интернетот е “роден“, а многу технолози го посочуваат 7. април 1969 како официјалниот датум на раѓањето на вебот. Тоа е денот кога било реализирано првото официјално RFC (Request for Comments), кое вклучувало истражувања, предлози и идеи за создавањето на вистинската интернет технологија. Децении подоцна, интернетот прерасна во клучен дел од нашето секојдневие овозможувајќи ни слободно да се поврземе со луѓето од целиот свет.

Првиот микропроцесор

Во 1969. година Ли Бојсел го дизајнирал првиот микропроцесор кој го отвори патот на деценискитеистражувања кои резултирале во дигиталната револуција кон крајот на 20. век. Личните компјутери станале нешто што мора да го има во секој дом, и заедно со интернетот го отвориле патот кон новата информатичка ера. Сѐ што знаеме за компјутерската технологија го започнало својот развоен пат пред 50 години, со еден 8 битен чип.


Основањето на Samsung Electronics

Големите промени се секогаш последица на трудот и посветеноста. Во 1969. година компанијата Samsung Electronics била основана во Сувон, Јужна Кореја, како дел од Samsung групацијата. Раните производи на оваа компанија биле електрични делови и уреди како телевизори, дигитрони, фрижидери, клима уреди и машини за перење на алишта. Подоцна,во 1988. година Samsung го претстави својот прв мобилен телефон, a до 2010. прераснa во најпознатата компанија на светот кога се во прашање мобилните уреди. Денес, таа го предводи развојот на индустријата со својата врвна технологија и научниистражувања кои навистина го менуваат начинот на којшто живееме и комуницираме.

Samsung Electronics ја прославува својата 50 годишнина од постоењето. Покрај иновацијата и технологијата, грижата за корисниците низ целиот свет и нивните потреби се срцето на мисијата и визијата на компанијата од самиот почеток. Затоа Samsung одлучи да ја прослави оваа важна годишнина со овозможување на уникатно корисничко искуство и врвни промоции.За повеќе информации за самите промоции посетете ја https://www.samsung.com/mk/offer/


Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија