07 Мај, 2024
0.0224

Што се случува во нашиот мозок кога мислиме дека нашиот живот е во опасност?

Објавено во: Стил 28 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Научниците од Институтот на Бреикрест за истражување на здравјето утврдиле дека мозокот ни поминува низ неколку промени во моментот кога сфаќа дека животот би можел наскоро да ни заврши.

Екипата научници спроведе тестови врз луѓе кои преживеале опасна авионска несреќа и преживеале за влакно од смртта. Во истражувањето учествувале луѓе кои во август 2001 година биле во авион на канадската авиокомпанија Ер транс. За време на летот, авионот слетал на еден од Азорските острови, за да избегне слетување во океанот.

Резултатите покажуваат дека еден таков случај може да ја активира меморијата и ја да искриви перцепцијата, а овој ефект може да трае со години по инцидентот. Независно од тоа, дека од несреќата поминале речиси 15 години, настаните биле живи во сеќавањата на испитаниците, независно од тоа дали имале пострауматско стресно нарушување или не.

Тие биле подложени и на магнетна резонанца за време на проекцијата на три видео клипови, на кои била прикажана авионска несреќа, терористичкиот напад на 11 септември 2001 година на кулите-близначки и еден неутрален настан.

За време на гледање на видео снимките на авионска несреќа, сите анкетирани патници се сеќаваат на сите детали околу доживувањето, а во овој момент била регистрирана и засилена активност во сегментот на мозокот поврзан со емоционалната меморија, вклучувајќи ја амигдалата и хипоталамусот.

Истото се случило и за време на гледањето на кадрите од терористичкиот напад, кој бил само три недели по авионската несреќа. Засилена активност не била регистрирана за време на гледањето на неутралниот запис.

Овој одложен ефект покажува дека повредата може да го промени начинот на кој нашиот мозок ги обработува нови информации. Имено, е многу веројатно по критичен настан да реагираме чувствително и на други негативни искуства.