16 Мај, 2024
0.0362

Што си купи Страшо Милковски со 260.000 евра?

Објавено во: Економија 10 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Најголемите и успешни транзициски директори станаа корпоративни маркет-мејкери на Македонската берза за хартии од вредност. По Хари Костов, главниот извршен директор на „Комерцијална банка“ и првиот човек на гигантот „Гранит“ Страшо Милковски купи акции во компанијата со која раководи. Милковски на берза плати околу 260.000 евра за 0,4 отсто од акциите на „Гранит“

Страшо Милковски, претседателот на Управниот одбор на  „Гранит“ и човек кој 25 години е на чело на најголемата домашна градежна компанија, силно ја изненади домашната инвеститорска јавност. Милковски вложи речиси 260.000 евра во акции на компанијата со која раководи (проценката е правена врз основа на цените од последните две објавени блок трансакции кои претходеа на објавата за вложување н.з.). Долгогодишниот директор и претходно пратеник на СДСМ, родум од Делчево, купи вкупно 12.781 акција со право на глас во „Гранит“ што претставува нешто повеќе од 4 отсто од акциите со право на глас.

Информативниот сервис на нашата берза СЕИ – НЕТ објави дека Милковски купил 12.781 акција во компанијата со која раководи од далечната 1996 година. Според последната цена од поголемата блок транакција реализирана на 8 февруари Милковски во акции на компанијата што ја води вложи сума од окоу 260.000 евра. Цената по акција била 1.250 денари за купени 12.000 акции. Истиот ден е реализирана уште една трансакција со која се купени повеќе од 6.000 акции во цена од 1.3000 денари. Тоа е една од позначајните суми кои менаџери на големи домашни компании ги вложувале во купување акции во фирмите што ги водат. На овој ценовен сигнал веднаш реагираше домашната инвеститорска заедница и последната цена на акцијата на „Гранит“ вчера достигна 1.350 денари.
Потегот на Милковски ќе ги зголеми очекувањата за дивиденда на малите акционери, а износот ќе биде во сферата на шпекулации се до објавата на предлог-одлуките за претстојното акционерско собрание.

Воедно цената што акцијата на „Гранит“ ја постигна вчера е највисоката годишна цена на таа акција постигната на нашата берза.

Милковски порано беше најголем поединечен акционер во „Гранит“. Пред неколку години најголем дел од своите акции подели на своите две деца: синот Зоран (8,23 отсто) и ќерката Ивана (8,4 отсто). „Гранит“ е компанија која е интересна  и за институционалните инвеститори и во неа акции има приватниот задолжителен пензиски фонд „Сава Осигурување“ и отворениот инвестициски фонд МБИ-10 на инвестициското друштво КБ Публикум. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка