22 Јануари, 2018
0.4346
    ALK 7696.96    0.61%     GRNT 830    0.73%     KMB 3138.74    -0.42%     MTUR 4158    -2.16%     OKTA 3200    2.86%     RMDEN16 94.5    0.11%     RZUS 124    9.73%     STB 970    1.04%     STIL 154    1.61%     TETE 2060    3%     TPLF 1798.38    -0.03%

Што сработи Заев за 100 дена - Дава ли надеж новата Влада?

Објавено во: Анализа 06 Септември, 2017

По десетина години за прв пат гледаме отчет на влада кој не го води Никола Груевски кој имаше обичај на владина седница да ги испрашува своите министри кои му рапортираа за сработеното. Сепак, Заев задржа дел од претходната иконографија, па така на прес конференцијата за сработеното во првите 100 дена влада беше опкружен со целиот владин тим.

Премиерот Заев ги претстави најзначајните одлуки кои Владата на Република Македонија ги донесе во своите први 100 дена на владеење пред се во економијата, социјалата, но и во надворешната политика. Зборот е збор, потсети Заев со цел да нагласи дека новата влада има намера да ги оствари своите ветувања.

- Ја вративме слободата во земјата, го враќаме и животот.  Отчетот за 100 дена влада го правиме во пресрет на Денот на независноста на Република Македонија, празник што ќе го прославиме со повикот „Македонија слободна – слободно живее“Заедно дефиниравме дека се бориме за слободен и подобар живот за сите нас, во општество за сите, декларативно изјави Заев пред да ги наброи сите донесени мерки.
Сепак, една влада не е оценувана само според отчетот и мерките кои ќе ги наведе како спроведени туку и според впечатокот кој го остава пред јавноста, особено кај гласачите кои и дале доверба дека ќе воведе промени. Овие 100 дена најважно е што поминаа безбедно и се оствари мирен трансфер на власта по кулуминацијата на политичката криза и крвавиот упад во Собранието на Република Македонија. Позитивна е и надворешната политика каде по подолго време Македонија гордо настапува на сите регионални и светски важни настани, а министерот за надворешни работи како и премиерот ги добиваат сите симпатии на меѓународната заедница. Исто така договорот за добрососедство со Бугарија беше изгласан доста безболно иако се изгубија неколку политички поени на дневна основа со обвинувањата на опозицијата дека е акт на предавство на државните интереси но, тоа е веќе завршена приказна.

Тука може да наброиме и повеќе позитивни мерки и изгласани закони во малиот временски рок кои ќе им донесат бенефити на граѓаните, но тие се веќе добро познати, па да се префрлиме на „лошото“.

За жал СДСМ и владината коалиција не прикажа голема гранитност и кохерентност, не сите министри и министерства работат со исто темпо и не сите владини институции навремено добија нови раководства за да се спроведуваат новите планирани политики.

На Македонија и е потребно лидерство, јасна визија и прецизни програми за работа. Добро осмислени партиски флоскули за чиновнички процедури кои се вообичаени не може да го убедат народот дека постои шанса да го подобриме заедничкото живеење и конечно да седнеме и да ги решаваме проблемите како една нормална, демократска и функционална држава каде нема да се чека само на партиската директива и врвот на владата за да се преземаат иницијативи и да се наоѓаат решенија.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

Со жалење пренесени националистичките протести во Грција и прогласот на предавници

Со жалење пренесени националистичките протести во Грција и прогласот на предавници

Како Владата ќе ја оцени „петката“ на Нимиц?

Како Владата ќе ја оцени „петката“ на Нимиц?

Владата ќе ја оценува „Рамката“ на Нимиц

Владата ќе ја оценува „Рамката“ на Нимиц

Што чека ВМРО-ДПМНЕ за да се вклучи во консензус за името?

Што чека ВМРО-ДПМНЕ за да се вклучи во консензус за името?

Нимиц со терминот „Македонија“ за решението ги побесна грчките десничари

Нимиц со терминот „Македонија“ за решението ги побесна грчките десничари

ПАВЛОВСКА-ДАНЕВА: Законот за јазиците не може да се носи без опозицијата

ПАВЛОВСКА-ДАНЕВА: Законот за јазиците не може да се носи без опозицијата

Дали Мицкоски екипираше јаки кадри во новата структура на ВМРО-ДПМНЕ?

Дали Мицкоски екипираше јаки кадри во новата структура на ВМРО-ДПМНЕ?

Активно вклучување на бизнис-заедницата во Берлинскиот процес, за долгорочен развој

Активно вклучување на бизнис-заедницата во Берлинскиот процес, за долгорочен развој

ЧУПЕСКА - СТАНИШКОВСКА: Во Струмица ќе нема двојазични униформи

ЧУПЕСКА - СТАНИШКОВСКА: Во Струмица ќе нема двојазични униформи