19 Мај, 2024
0.0248

Што треба да направат корисниците на социјална и детска заштита кои имале сметки во Еуростандард банка

Објавено во: Економија 19 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Министерството за труд и социјална политика ги известува корисниците на парични права од социјална и детска заштита и згрижувачките семејства кои биле клиенти на Еуростандард банка и средствата ги добивале на картичка, ги подигнувале на шалтерите на Банката, или ги добивале во својот дом, како и оние што ги подигнувале на шалтерите на АД Пошта на Северна Македонија, заради продолжување на навремена и редовна исплата дека е потребно следново:

Доколку покрај трансакциската сметка во Еуростандард банка корисникот има трансакциска сметка и во друга банка (освен Охриска банка), да се обратат во таа банка заради поврзување на трансакциската сметка со социјалниот број, за да продолжи исплата на правото преку таа банка.

Доколку корисникот нема отворено трансакциска сметка во друга банка, потребно е да отвори нова трансакциска сметка во некоја од банките во земјата  (освен Охриска банка) заради поврзување на трансакциската сметка со социјалниот број, за да продолжи исплата на правото преку таа банка. 

Корисниците на парични права од социјална и детска заштита и згрижувачите, при поврзување на постоечката трансакциска сметка, односно отварање на нова трансакциска сметка, задолжително треба да го известат вработеното лице во банката дека преку трансакциската сметка  сакаат понатаму да им се врши исплатата на правото.

Се известуваат корисниците на парични права од социјална и детска заштита и згрижувачите, поврзувањето на постоечката трансакциска сметка, односно отварање на нова трансакциска сметка треба да го направат најдоцна до 25.08.2020 година, заради навремена исплата во месец септември 2020 година.

Корисниците на парични права од социјална и детска заштита и згрижувачките семејства нема потреба да одат во центрите за социјална работа за да земаат социјален број.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа