02 Мај, 2024
0.0247

Што треба да знаете ако емигрирате во САД?!

Објавено во: Анализа 23 Август, 2013

Добивај вести на Viber

САД се гордее со фактот што функционира како сојуз на независни држави, од кои секоја е посебна приказна. Откако пред извесно време се појави студијата за тоа што мислат Европејците едни за други, од SurveyMonkey направија слична анкета и за САД. Резултатите се забавни, информативни и покажуваат што човек треба да знае за односите меѓу одделни држави, пишува Business Insider. Во студијата учествувале вкупно 1 603 лица, а секој од нив требало да одговара на различни прашања за држави различни од нивната. Што мислат Американците едни за други: Масачусетс е државата, во кој се зборува со чуден акцент според 16% од 1 603 учесници. По Масачусетс се рангираат Луизијана, Алабама, Минесота, Њујорк и Њу Џерси. Њујорк добива највисока резултат (околу 20%) за државата со најдобра храна. Калифорнија и Луизијана исто така добиваат добри оценки. Остатокот од САД, пак, смета дека храната во Аљаска не вреди. На прашањето која е ваша омилена држава, освен вашата, луѓето најчесто ја наведуваат Калифорнија и Колорадо која е исто така доста популарна. На спротивниот крај е Тексас, кој собира најмногу гласови за најмалку омилена држава. Во Калифорнија живеа и најатрактивните луѓе според студијата, па тука резултатот е категоричен,  713 од 1411 гласови се дадени за Калифорнија. Испитаниците се мислеле која држава има најгрди жители, но „победила“Алабама со 113 (9%) од 1 442 гласа. Државата со најубав пејсаж е Колорадо, по што следи Хаваи. Во врвот се и Алјаска, Монтана и Калифорнија. Канзас пак има најгрд пејсаж според испитаниците. Според истражувањето, се чини дека во Луизијана пијат најмногу.  На прашањето кој држава е најдобра за одмор, луѓето го даваат изборот главно на Хаваи. Во првите три се уште Флорида и Калифорнија. 39% од испитаниците сметаат дека луѓето во државата Њујорк се најарогантни. Масачусетс се смета за дека има најпаметни жители веројатно заради тоа што сите универзитети се таму. Во анонимните анкети Американците посочуваат дека Калифорнија, Тексас, Флорида и Њујорк се сметаат за најпреценети држави, додека во исто време тие сметаат дека Орегон, Аљаска и Мејн се најпотценети.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад