Што вели Меркел за турската криза?
Објавено во: Свет 13 Август, 2018
Kанцеларката Ангела Меркел вели дека Германија сака да го види економскиот просперитет на Турција. Меркел додава дека официјална Анкара треба да ѝ обезбеди независност на својата централна банка.
„Никому не му е од интерес економската дестабилизација во Турција. Но, мора да се направи сè за да се обезбеди независност на централната банка“ – рече Меркел.
Вели дека нивни интерес е Турција да биде просперитетна.
Во обраќањето во градот Трабзон Ердоган наведе дека фирмите треба да знаат „оти држењето на Турција жива и исправена не е само работа на политичарите, туку и на индустријалците и трговците. Тој рече дека ќе најдат нови пазари и сојузи.
Ердоган го оцени намалувањето на вредноста на турската национална валута како „заговор“ против Турција, нагласувајќи дека турскиот народ нема да се предаде.