30 Април, 2024
0.0283

Што заклучија Димитриев и Хан по средбата?

Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Премиерот Емил Димитриев и комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан денеска во Скопје разговарале за процесот на обезбедување на фер и демократски избори. 

Ова го соопштија од Кабинетот на Димитриев. Премиерот Димитриев истакна задоволство од фактот дека сите политички партии се согласија дека се исполнети сите услови за реализација на фер и демократски избори. 

„Тој додаде дека Владата за спроведување на изборите е фокусирана кон реализација на сите потребни активности кои се од значење за овој процес, притоа нагласувајќи дека изборите на 11 декември се единствено решение за политичката криза и пат кон креирање на политичка влада базирана на волјата на гласачите која ќе функционира во полн капацитет и ќе реализира проекти кои се од интерес за сите граѓани и задоволувањето на нивните реални потреби“ - се наведува во соопштението

Од Кабинетот на премиерот велат дека се збрувало и за предизвиците во врска со справувањето со мигрантската криза. 

Димитриев истакнал дека Македонија посветено и одговорно пристапува кон ова прашање, а одлуките во врска со ова прашање ги носи во координација со останатите земји кои се наоѓаат на мигрантската рута меѓу кои се и земји членки на ЕУ. 

Хан денеска е на средба со политичкиот врв во земјата, граѓанските организации и специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање