Што значи твит на најбогатиот Маск: Ги вивна цените на погрешна компанија
Објавено во: Економија 10 Јануари, 2021
Илон Маск им порача на своите следбеници на Твитер во четвртокот да „користат Сигнал“, мислејќи се на апликацијата за пораки, но некои погрешно ја разбраа оваа објава.
Имено аккциите на компанијата наречена „Сигнал аванс“, која впрочем и воопшто не е позната и со чии акции се тргува надвор од берзата, скокнаа 527 проценти во четвртокот и уште 91 процент во петокот, од 60 центи на 7,19 долари по акција, пишува CNBC.
Сигнал за која зборуваше Маск работи како непрофитна организација и таа апликација служи како алтернатива на Месинџер, WhatsApp и услугата за пораки на Apple.