Швајцарците веќе не се најбогати според имотот, оваа земја ги симна од тронот
Објавено во: Финансии 27 Септември, 2017
Американците ги турнаа од тронот Швајцарците.
Американците имаат нето финансиски имот од 177.210 евра, а тоа е раст за 5.8% во однос на претходната година.
Швајцарците имаат имот вреден 175.720 евра по глава на жител и тоа е раст од 2.7%.
На трето место е Јапонија со 96.890 евра имот по човек и тие имаат раст од 1.8%.
Ова е наведено во извештајот за светско богатство во 2017 година.
Ако се гледа бруто, тогаш Швајцарија и понатаму е прва со 268.840 евра, САД со 221.690 евра втори и трети Данска со 146.490 евра.