26 Април, 2024
0.0285

Швајцарија и Македонија: 25 години на соработка и поддршка

Објавено во: Мои пари 26 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Швајцарија ја подржува политичката, социјалната и економската транзиција на Македонија од 1992 година. Оваа долгорочна соработка доаѓа од швајцарската традиција на солидарност и одговорност и го одразува значењето кое Швајцарија го придава на стабилноста и развојот на Македонија и регионот. Швајцарија е одлучна да гипродлабочи односите со Македонија преку унапредување на дипломатските и развојните активности во државата.

Во последните 25 години, Швајцарската програма за соработка допринесе не само кон процесот на транзиција во Македонија, туку и кон развојот на цврсти и взаемно корисни односи помеѓу швајцарски и македонски институции, компании и граѓански организации. Швајцарија ја призна Република Македонија на 12 мај 1993 година и во билатералните односи го користи уставното име на Република Македонија. Од 2014 година, Швајцарската програма за соработка е клучната активност во Швајцарската амбасада во Република Македонија.  Високо посветен тим редовно ја координира поддршката која Швајцарија ја имплементира прекуШвајцарската агенција за соработка и развој (SDC) и Државниот секретаријат за економски прашања (SECO) во областите на демократско владеење, вработување и економски развој, инфраструктура и животна средина.

Денес Швајцарија е еден од најголемите билатерални партнери на Македонија и со новата Швајцарска стратегија за соработка 2017 – 2020 се предвидени финансиски обврски во висина од 76 милиони швајцарски франци. Општата цел на новата стратегија е да ја подржи Македонија во нејзините реформи да ги постигне Европските стандарди и вредности и да продолжи со социјално инклузивната демократија и пазарна економија, воедно обезбедувајќи ефикасно управување со природните ресурси. Стратегијата следи еден практичен пристап кој се фокусира на подобрување на условите за живот на граѓаните на Република Македонија. Деталите од стратегијата ќе бидат откриени на нејзиното официјалното претставување на 31ви мај 2017 во Скопје.


Можеби ќе ве интересира

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи