Шведската полиција не уапси никого за големите безредија во Стокхолм
Објавено во: Свет 22 Февруари, 2017
Шведската полиција се најде на жестоки критики од локалното население во Стокхолм бидејќи воопшто и не интервенирале при неодамнешните големи безредија кои ги предизвикаа претежно имигранти заради апсење на едно барано лице.
Граѓаните сметаат дека шведските полицајци не успеале да воведат ред по што десетина автомобили беа запалени, неколку продавници беа ограбени и беше оштетен јавен имот во дивеењето на околу 50 лица во Ринкеби.
Засега се уште никој не е уапсен за нередите. Од полицијата соопштуваат дека насилствата биле спречени околу полноќ кога било зголемено присуството на полициски единици во предградието, а сега се води истрага.