20 Мај, 2024
0.0286

Шведските и финските делегации не го убедија Ердоган: Обезбедуваат терористи на улица со полициска придружба

Објавено во: Македонија 29 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Турскиот претседателот Реџеп Тајип Ердоган даде оценки за шведските и финските делегации кои дојдоа во Турција во изминатите неколку дена за да го убедуваат да одобри нивни прием во НАТО. 

Ердоган рече разговорите меѓу двете земји, кои доставија официјални апликации за членство во НАТО, не биле на очекуваното ниво.

„Сè уште шетаат терористи по улиците на Шведска, Стокхолм. Тие не се чесни, тие не се искрени. За жал, средбите меѓу Финска и Шведска на нашата делегација не беа на очекуваното ниво“, искоментира тој.

Ердоган рече: „Тие имаат очекувања, но не ги презедоа потребните чекори во однос на Турција, и тие се уште се во процес на нашите разговори, особено Шведска .водејќи ги терористите низ улиците на Стокхолм, обезбедувајќи ги со сопствена полиција. Всушност , вечерта на денот кога го одржаа состанокот, ни прават секакви погрешни работи со тоа што го тераат терористот Салих Муслим да зборува на шведската државна телевизија и продолжуваат со негативните ставови и пристапи за прашањето за Ф16 и сл. Не се чесни, не се искрени.Не можеме да ја повториме грешката направена во минатото во однос на земјите кои прифаќаат и хранат такви терористи во НАТО, која е безбедносна организација“, рече Ердоган, алудирајќи на неговата разочараност што премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, при посетата на САД ја ибедли Белата куќа да не им бидат продадени потребните воени авиони на турските сили.

„Сè додека Тајип Ердоган е на чело на Република Турција, не можеме да кажеме „да“ на земјите што го поддржуваат тероризмот, да се приклучат на НАТО“, наведе дополнително турскиот претседател.

„Прво Русија не гледа позитивно на овие работи. Особено прашањето за Финска е вознемирувачко за Русија. Зошто? Поради границата. Бидејќи е погранична земја, не го фаворизира влезот на Финска.Она што е во нашите срца е тоа оваа војна меѓу Русија и Украина да заврши во мир што е можно поскоро, но се чини дека оваа работа ескалира со секој изминат ден се полошо. Во понеделник ќе имам телефонски разговори и со Русија и со Украина“, додаде Ердоган.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража