07 Мај, 2024
0.0229

Ин мемориам

Си замина девојката со шишки...

Објавено во: Стил 04 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Девојката со шишки и лесно музицирање лесно ја освои публиката. Кариерата ја започна мошне  млада. Често во тага, споменуваше дека нејзината Македонија ја заборави.

Тенка, симпатична, ненамелтива, со специфична фризура, публиката ја освои со својот глас и песните кои можеа да ги пеат сите. Светот го освои со нејзината музика. Најголем дел од песните, ги компонираше нејзиниот сопруг, композитор и продуцент- Никица Калоѓера. Тие беа одличен спој. Заедно беа од 68, па се до неговат смрт во 2002та. Нивното семејство го комплетираше ќерката Ника.

Германците ги шармираше со својот имиџ на девојка од соседството која лесно влегува во срце. Всушност, стана ѕвезда на специфичен начин, како што знаеше да каже нејзиот сопруг, популарниот композитор Никица Калоѓера. Во екот на нејзината популарност во Германија, тинејџерките ги пееја сите нејзини песни. Медиумите во Германија ја опишуваа како „ ќерка која секое семејство би ја посакало“.

Љупка снимаше и пееше на словенски, германски, англиски, француски, руски, италијански, грчки, јапонски и секако, македонски. Во нејзината кариера продаде над 100 илјади примероци од нејзините албуми,често за неколку дена. Успеа да освои бројни награди на светските фестивали во Атина, Токио, Рио де Женеиро, Кан, Малага, Дрезден и бројни друго.

Во Загреб, по кратко и тешко боледување, почина Љупка Димитровска Калоѓера. Родена е во 46та во Скопје, а се до својат смрт, живееше и работеше во Загреб. Беше една од најпопуларните пејачки во поранешна Југославија. Првиот албум кој го носеше нејзиното име, објавен е во 1975. Некои од најпознатите хитови се песните Адио, Твоја барка мала, Звона звонат и други.

В.Ч.