СИ ЗАМИНА ОМИЛЕНИОТ СКОПСКИ БЕРБЕР, СКОПЈЕ ЗАГУБИ ЧОВЕК - блиските се простуваат од Џеваир Јакупи чии живот згасна на 38 години
Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2022
Скопјани се простуваат од познатиот скопски бербер Џеваир Јакупи, кој почина на 38 годишна возраст.
Дел од неговите клиенти и познаници биле и познати личности.
Поранешниот директор на Пошта и пратеник Јани Макрадули се прости на фејсбук од Јакупи, за кого напиша дека Скопје загуби вистински човек.
„Скопје загуби ЧОВЕК. Сочувство до најблиските…“, напиша Макрадфули на фејсбук.
Како што веќе беше објавено, познатиот скопски бербер Џеваир Јакупи – Џеки почина на 38-годишна возраст. Тој беше сопственик на берберскиот салон „Џеки Јанг“ во ТЦ Зебра.
Тажната вест за смртта на Јакупи ја споделија неговите блиски на социјалните мрежи, каде бројни пријатели, познаници и муштерии се збогуваат со нивниот драг бербер.
Иако прилично млад, Јакупи имаше 25-годишна кариера во оваа област и беше еден од омилените ликови на скопјани.
Дел од неговите муштерии беа и Кире Лазаров, Перо Антиќ, Наумче Мојсоски, Дејан Манасков, Дритон Вејсели, Даниел Кајмакоски итн.
Фактор изразува сочувство до семејството.
Фото: Фејсбук и Инстаграм