26 Април, 2024
0.0774

Силекс АД Кратово за три месеци изгуби половина милион евра

Објавено во: Економија 27 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Што се случува со финансиските резултати на Силекс АД Кратово? 

Во период од една година се гледа сосема различна слика. Ако лани Силекс бил во позитива во првиот квартал со солидни приходи и крајна добивка од 200.000 евра, оваа година првото тримесечие го завршува со очајна продажба и загуба од дури половина милион евра.

Силекс АД Кратово бележи голем пад на приходите од продажба од речиси 30% во К1 2017-та и остварил околу 1,3 милиони евра, од кои 60% се реализирани на домашниот пазар. Интересно е што во овој негативен квартал Силекс има драстично зголемување на извозот, па така ако лани оствариле само 30.000 евра, во првите три месеци од годинава приходите од продажба во странство изнесуваат 470 илјади евра. 

Без оглед што Силекс годинава има вкупна помала продажба со пад на приходите од дури 650 илјади евра, во првиот квартал значително се зголемиле оперативните расходи кои сега изнесуваат дури 1,8 милиони евра. Од нив најголем удел заземаат трошоците за суровини и други материјали за кои се потрошени нешто над 900 илјади евра. 

Кај оперативните расходи нема поголеми промени во трошоците за вработените, а за услугите со карактер на материјални трошоци било платено двојно помалку иако оваа ставка е една од најмалите со околу 30.000 евра.

Силекс АД Кратово во овој квартал се ослободил и од расходите за камати, па ако лани за првите три месеци платил околу 210 илјади евра, во новиот квартал потрошил само 1500 евра што покажува дека компанијата се ослободила од долгови кон банки и други институции. 

По сите пресметани параметри од консолидираниот финансиски извештај објавен преку Македонска Берза, Силекс АД Кратово доаѓа до еден навистина негативен квартал со загуба од половина милион евра. 

Ако е некаква утеха барем повеќе вложил во суровини и материјали, а секако зголемен е и извозот што може да биде позитивен знак за наредниот период кој ќе биде предмет на наша анализа.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9