Силен ураган се приближува кон овие острови
Објавено во: Свет 21 Август, 2018
Тревога е издадена денеска за дел од хавајскиот архипелаг поради приближувањето на силниот ураган „Лејн“.
Тој веќе е од четврта категорија на петстепената скала за моќност на ураганите.
„Лејн“ се пресели на запад, но според прогнозите ќе сврти кон Хавајските Острови подоцна во текот на неделата, наведува Тихоокеанскиот центар за урагани. Центарот издаде портокалов код за главниот остров на американскиот архипелаг, како и за округот Мауи, составен од неколку острови, меѓу кои Ланај, Мауи и делови од Молокај. Условите за урагани се предвидени за наредните два дена.