Силен земјотрес ја погоди Индонезија
Објавено во: Свет 14 Јули, 2019
Силен земјотрес од 7,3 степени ги погоди денеска Молучките Острови во источниот дел на Индонезија, информираше Геолошкиот завод на САД.
Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од десет километри под површина на земјата, 168 километри јужно и југоисточно од градот Тернатеа.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту, пак, има предупредување за цунами.
Индонезија често ја погодуваат земјотреси, при што има и голем број човечки жртви.