Силен земјотрес на граница стресе три земји
Објавено во: Свет 01 Февруари, 2019
Силен земјотрес од 6,6 степени е регистриран денеска на границата меѓу Мексико и Гватемала, објави Европскиот средоземноморски сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот е на девет километри северозападно од граничниот мексикански град Фронтера Идалго и на 183 километри западно од гватемалскиот главен град Гватемала Сити. Тој е почувствуван во јужниот дел на Мексико, како и во Гватемала и Белизе.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Во нашиот регион, имаше земјотреси во Грција и Турција.