Силјановска Давкова за „шпицен градоначалник“: Човек пред да употреби нешто, треба добро да размисли
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2022
Терминот „шпицен градоначалник“ е многу глупав, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова.
Таа го искоментира терминот кој скопската градоначалничка Данела Арсовска го употреби претходно, за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Градоначалничката може да биде шпицна на себе. Тоа за мене е некоја лузија, глупо поглупо, најглупо. Тоа ништо не значи. Човек пред да употреби нешто, треба добро да размисли“, рече Силјановска-Давкова.
За односите со Бугарија, таа во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 Телевизија изјави дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставните измени.