Добивај вести на Viber
Германската компанија Сименс ќе го преиспитува својот бизнис во Кина, бидејќи не успеа да постигне раст на приходите и продажбата.
Притисокот врз Сименс доаѓа откако, извршниот директор Питер Лесер, оваа недела предупреди дека компанијата до 2014 година не очекува да го постигне зацртаниот раст на профитот од 12 проценти.
Стратешката дивизија на компанијата од Минхен започна ревизија на активностите во Кина чии резултати ќе се најдат пред Извршниот комитет на компанијата. Од Сименс, кој минатата година во Кина имаше раст од 8 проценти од вкупниот приход, предупредија дека не очекуваат зголемување на индустриската побарувачка до четвртиот квартал.