Добивај вести на Viber
„Работниците и синдикалците со своето единство непотпаѓајќи под политичките притисоци, денеска од 04.30 утринава покажаа дека само заедно можат да се изборат за нивните работнички права“, соопшти ССМ.
Постигнат е договор за платите на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие и автобусите на ЈСП веќе ќе почнат да сообраќаат, потврди за МИА претседателот на синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски.
Собранието на Град Скопје едногласно ја донесе Одлуката за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Град Скопје за 2022 година и се предвидува пренамена на средствата во основниот буџет, а со цел непречено функционирање на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје - Скопје.
– Трансферот на пари е направен. Платата ќе биде поделена утре.
Автобусите почнуваат да сообраќаат, изјави Стојановски за МИА.