16 Мај, 2024
0.0263

Синџирот на експлоатација во Европа

Објавено во: Анализа 28 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Грозјето по долината на реката Мосел е набрано, лежаите сместени по бараките и гаражите се тргнати, а сезонските работници се вратиле во своите земји на истокот од Европа. Во месеците во кои го бреле грозјето во Германија, нивните полиња во Полска, Бугарија или Романија, ги обработувале работници кои живеат уште поисточно: Украинци, Молдавци и Грузијци. Се тоа е работна сила која е толку млаку платена, што тие работи не сакаат да ги вршат ниту Полјаци, ниту Бугари, Ниту Романци. Тие пак, попрво заминуваат во Германија каде можат д азаработат повеќе и каде повторно нема Германци кои сакаат да работат за толку мали дневници, пишува Дојче веле. Економистите зборуваат за процес во кој сите заработуваат и имаат корист. Синдикатите, од друга страна, стравуваат дека тоа допрва ќе стане посложен ланец на експлоатација. Експертите за пазарот, сметаат дека оваа, како што се нарекува стручно „циркуларна миграција“, во Европа, уште повеќе ќе се шири во наредните години. Во Германија, Шпанија, Полска, секаде постои тренд да се плаќа толку малку за едноставна работа, што неа можат да ја посакаат само работниците од сиромашните земји. Но дури и на тие луѓе, често таа заработувачка не им е доволна за да можат од неа да живеат. Харалд Виденхофер од Европскиот сојуз на синдикати и работници во земјоделството, индустријата за храна и туризам, се бори за воведување на минимална дневница со која на работниците би им се овозможил живот достоен на човекот. „Тука не станува збор за некаква европска минимална дневница, туку за сатница која би вредела во секоја поединечна земја на Унијата и која би била 60 посто од просечниот приход на таа земја“, објаснува Виденхофер. Германија е всушност една од последните земји во ЕУ која нема законски одредена минимална дневница и веќе оваа година германската влада најави донесување на таков пропис. Но, и понатаму има начини да се изиграат таквите правила и минимлани дневници. Така, на пример, во виноградите околу реката Мосел, некои виноградинари заработуваат така што од ветените седум евра на час, веднаш намалуваат за трошокот за сместување, иако берачите спијат во нивни гаражи на душек сместен на подот. Европската унија веќе со децении се обидува, истовремено, да ја поттикне конкуренцијата и понудата на услуги, но и да ги заштити правата на потрошувачите. Со резултатите, меѓутоа, не можеме секога да бидеме задоволни. Особено во секторите каде се вработува неквалификувана работна сила, секогаш се наоѓаат дупки во законите и прописите.   А.А.