02 Мај, 2024
0.1290

Singular го прослави отварањето на новите канцеларии во Скопје

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Интернационалната IT компанија Singular официјално ги отвори вратите од новите модерни канцеларии во Скопје. Отварањето беше одбележано со голема прослава на која тимот, менаџментот и поканети гости заедно наздравија за релокацијата на канцелариите и почетокот на ова значајно поглавје за компанијата.

Отварањето на новите канцеларии се случува една година откако Singular стана Flutter Entertainment, глобален бизнис што работи со напредни технологии и управува со дел од светски најиновативните, разновидните и препознатливи брендови за спортско обложување и игри. Новиот канцелариски простор, со својот модерен изглед и ентериер што поттикнува тимска работа и дружење, се очекува дополнително да го сплоти тимот од Скопје при соработката со останатите колеги од групацијата Flutter и заедно да ја постават основата за идниот раст на компанијата.

Дарко Гацов, ко-основач и главен оперативен директор на Singular истакнува: „Тоа што ги „пораснавме“ старите канцеларии е плоден исход на нашата успешна работа и силен тимски дух низ годините. Среќни сме што сега дополнително ќе ги зацврстиме нашите долгорочни амбиции како бренд на Flutter и ќе ја продолжиме нашата посветеност кон иновација и извонредни резултати - сето ова директно од нашата нова девелопмент база. Ова е местото каде што заедно ќе оствариме многу сериозни цели во текот на наредните години.“

Континуираниот успех и растот на тимот претставуваа одлична прилика и причина за Singular да започне со работа во нов канцелариски простор кој не само што ќе ги исполни барањата и потребите на вработените, туку ќе охрабри поголема тимска соработка и дружење, имајќи предвид дека ова поле беше најмногу засегнато за време на пандемијата. Компаниската култура на Singular става огромен акцент на тимот и неговата добросостојба, па со тоа градењето на нова девелопмент база која што ќе нуди извонредно работно искуство беше од огромно значење.

Канцелариите се лоцирани во нова зграда од три спрата каде што вработените може да работат според концептот “океан“, што им овозможува зголемена тимска работа и размена на знаење. Секој детаљ од канцеларијата е внимателно избран, со цел ентериерот целосно да се вклопи со духот на Singular и компаниската култура. Канцелариите го нудат совршениот баланс помеѓу работа и забава, па така вработените може лесно да преминат од работните простории во собите за забава и релаксација. Но, она што ги прави новите канцеларии особено привлечни е кафулето на кровот од зградата, кое што нуди одличен поглед за вработените.

„Навистина сме радосни што започнуваме со работа од нови канцеларии каде што вработените ја имаат флексибилноста и сите ресурси што им се потребни, но истовремено и да работат во модерен простор што поттикнува продуктивност, тимска работа и забава. Вработените се клучни за нашиот успех и сакаме да се чувствуваат извонредно од секој аспект. Нашите луѓе и културата отсекогаш биле главен приоритет на Singular и новите канцеларии се доказ за тоа.“ вели Елена Инадеска-Аврамовска, HR менаџер на тимот во Скопје.

Singular е наградувана IT компанија со главни канцеларии во Малта и две девелопмент бази во Грузија и Северна Македонија. Компанијата бележи огромен раст и успех уште од почетокот на работењето, благодарение на што тимот постојано се зголемува и денес има 160+ вработени низ сите три канцеларии. Во 2021, Singular стана дел од Flutter Entertainment. Аквизaцијата дополнително ги зацврсти вредностите што Singular длабоко ги негува како дел од својата култура: размената на идеи и знаење помеѓу брендови, тимови, колеги.

За повеќе информации за Singular и отворени работни позиции, посетете ја: culture.singular.uk

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

АНГЕЛОВ:ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

АНГЕЛОВ:ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска