06 Мај, 2024
0.0245

Синоќа приведени уште три лица за инцидентот во Собрание

Објавено во: Македонија 03 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

СВР Скопје, во рамки на интензивните мерки и активности за целосно расчистување на настаните по упадот на граѓани во Собранието на Република Македонија од 27-ми минатиот месец, синоќа (02.05.) приведени се уште три лица В.Н. (45), Д.П. (33) и В.Ц. (33) сите од Скопје, коишто се сомничат за извршени кривични дела “учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ по чл 384 од КЗ на РМ (за В.Н.), и “учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по чл 385 од КЗ на РМ (за Д.П. и В.Ц). При тоа од страна на Судија на претходна постапка на В.Н. веќе му е изречена мерка притвор во траење од осум дена.

Исто така синоќа во ПС Кисела Вода сам се пријавил и В.Т. (40) осомничен за сторено кривично дело - и “учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по чл 385 од КЗ на РМ. Така што до овој момент на сила се уште централни расписи за осум лица, по кои полицијата трага. Досега од 12 -те приведени, за шестмина од нив  им е изречена мерка притвор во траење од по осум дена, за едно лице мерка домашен притвор, а за две лица мерка - претпазливост.

Како што Министерството за внатрешни работи претходно соопшти, СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје досега поднесе кривични пријави за 20 идентификувани лица учесници во нередите во парламентот, а по основ за сомненија за погоре посочените кривични дела.

Покрај ова до ОЈО Скопје поднесени се извештаи за досега собраните сознанија околу лица организатори на протестот, како и лица кои што учествувале во отстранување на претходно поставената блокада на вратата од внатрешната страна од главниот влез на собраниската зграда.

СВР Скопје продолжува со детална истрага за натамошна идентификација на лица кои евентуално учествувале во нередите, вклучително и околу вчера откриената импровизирана експлозивна направа на првиот кат во зградата на Собранието на Република Македонија  (плинска боца од 300 милилитри на која со селотејп лента била залепени пиротехнички средства-петарди поставени една до друга).


Можеби ќе ве интересира

КАКО ВО ЛЕТО: ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ДЕНЕСКА - температури и до 26 степени

КАКО ВО ЛЕТО: ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ДЕНЕСКА - температури и до 26 степени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?