04 Мај, 2024
0.0276

СИНОТ МИ НАПИША ЕМОТИВНА ПОРАКА ДЕКА МУ НЕДОСТИГАВ НА СЕМЕЈСТВОТО - по пет години директорување со Агенцијата за одземен имот, Асани размислува дали да се врати во Италија

Објавено во: Македонија 15 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Бројчаникот на Порта Македонија можеби не почна да покажува бројки како што многумина своевремено искрено „шарени“ очекуваа, но тоа не значи дека пари од продадени претходно запленети криминално стекнати имоти не се слеаја во државната каса. Само од поранешниот прв човек на Тајната полиција, Сашо Мијалков се наплатија шест и кусур милиони евра, но се продадоа и многу други движни и недвижни предмети одземени од кривични и прекршочни дела, а средствата и не беа така мали.

Фатон Асани, инаку од редовите на владејачката СДСМ, дојде да раководи со Агенцијата за управување со одземен имот лично на замолница на поранешниот премиер и негов сопартиец Зоран Заев, застанувајќи пред пет и пол години на чело на институција за која ретко кој знаеше дека постои, а уште помалку дека направила некаков учинок или дека донела некаков бенефит за државата. Воден од идејата дека на сопствената земја треба да и помогне секој онолку колку може, тој решил да го напишти својот релативно удобен живот во Италија, и да застане на чело на државната агенција која продава имоти одземени од криминал и парите му гу префрла на државниот буџет. Неговата сопруга и трите деца останаа да живеат во Италија.

Агенцијата можеби не прибра силни милиони како што се ветуваше пред оваа гарнитура да дојде на власт, но едно е сигурно, а тоа е дека почна сериозно да функционира како институција. Стана препознаена и респектабилна институција. Се распишаа бројни огласи и се организираа јавни наддавања, а запленетиоит имот успешно се продаваше и се прибираа средства кои завршуваа на државна сметка.

„Само од почетокот на годинава досега инкасиравме 280 илјади евра. Тоа можеби не е премногу, но говори дека институцијата навистина почна да функционира и да го оправдува своето постоење“, вели Асани во разговор за Фактор.

Додава и дека Ако Царината порано имала по 6,5 милиони парчиња непреземена стока, сега таа бројка е сведена на нешто над еден милион, што е огромно намалување, и одземена стока практично не се трупа во Царинската управа.

На овие бројки може да се додаде и податокот дека на државните институции им се предадени возила од околу три милиони евра, кои тие инаку би ги купувале и со тоа е направена заштеда, а околу 500 илјади евра им се дадени донации на социјални центри токму од имот со кој расолагала Агенцијата.

Токму овој човек, откако го заврши својот мандат, пред неколку дена ја предаде функцијата на нов директор. Не дека не можеше да добие уште еден, туку политиката го стори своето, а ова директорско место му припадна на кадар од Алијанса за Албанците, која влезе во Владата.

Фатон Асани се огласи и на фејсбук откако го имаше последниот ден во Агенцијата.

„Секоја приказна има почеток и крај. Мојата приказна почна на 6 август 2017 а крајот и дојде денес 10 март 2023. Едно убаво животно искуство како директор во Агенција за управување со одземен имот, со еден прекрасен тим за работа со кој се направија енормни резултати, а за една институција дали напреднала или не може да зборуваат само бројки. Денес извршив примопредавање на функцијата со новиот директор г-дин Дритон Небиу, од кој се надевам дека ке продолжи со ист интензитет на работа и ќе реди успеси...“, напиша меѓу другото Асани.

Тој во својот пост упатува и, како што вели, голема благодарност до неколку адреси. „До екс премиерот Зоран Заев,„кој ми ја даде таа чест да бидам директор на оваа институција,голема благодарност и до премиерот Димитар Ковачевски кој ми овозможи да го завршам мојот петгодишен мандат. Благодарност и до мојата СДСМ која ми ја даде безрезервната доверба и поддршка, сите овие изминати години, а секако голема благодарност до сите граѓани на РСМ кои воедно беа мојот мотив за достигнување на постигнатите цели и успеси“, напиша Асани.

И, најголемата благодарност тој ја упатува на семејството.

„Најголемо благодарам за моето семејство кое ме истрпи сите овие изминати години, кои беа единствената жртва на мојот денешен успех. Ве сакам Енгин, Сара, Сухер, Исмета. Извинете ме“, напиша Асани.

Во разговор за Фактор Асани открива еден емотивен момент токму за неговото семејство. 

Како што споменавме, заедно со сопругата Исмета, во Италија останале да живеат неговиот 20 годишен син, и 16 и 12 годишните ќерки.

Асани вели дека во моментов не знае дали да се врати во Италија, каде многу и недостига на фамилијата, или овде да прифати некоја друга функција, за што не се сомнева дека успешно би ја извршувал.

Многу големо влијание врз неговата одлука секако дека ќе има токму пораката од синот, кој му напишал дека „Многу му недостигаш на семејството цели 5,5 години“, на што Асани одговорил дека токму тој го учел дека „Кога нешто ќе почнеш, треба и да го завршиш“, баш како неговиот ангажман во Агенцијата, кој смета дека успешно го реализирал.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите