05 Мај, 2024
0.0228

Синот на Ворен Бафет открива: Како е да се расте со третиот најбогат човек на светот?!

Објавено во: Стил 05 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Питер Бафет е најмладиот син на инвестиционата легенда и третиот најбогат човек во светот-Ворен Бафет. Луѓето обично се изненадат кога слушнат чиј син е, велејќи му: „Но, ти си толку нормален“, изјавил самиот Питер.

Оваа нормалност на која луѓето и се чудат всушност не е ниту малку изненадувачка кога слушнете како изгледало растењето со еден од најбогатите луѓе на светот.

„Додека растевме, немавме поима што работи мојот татко. Тоа ни беше прилично мистериозно“, се сеќава најмладиот од трите деца на Бафет.

„Кога мојата сестра требаше да пополни некој формулар во четврто или петто одделение, за тоа што и работат родителите, напиша дека тато се занимава со „анализа на безбедноста“, а сите претпоставиле дека тоа значи дека проверува алармни системи“, раскажува овој композитор, музичар и писател.

„Кога сте дете, се прашувате што значат сите тие бројки на хартија? И што е точно берза и продажба и купување на акции и сите тие работи? Така што ние навистина ништо не разбиравме“.

Во домот на Бафет секогаш се живеело нормално и скромно. „Шетав до училиште (државно)... Имав иста учителка од англиски како и мојата мајка“, Питер се обидува да долови како неговите родители финансискиот успех секогаш го држеле некаде во позадина.

Не е ниту чудо што Питер и неговиот брат и сестра немале претстава за заработката на татко им, кога знаете дека раснеле во, за американски прилики, скромна куќа со пет спални соби во Омаха, која Варен ја купил за 31.500 долари.

Требало да поминат 25 години за да Питер конечно сфати што точно работел неговиот татко.

„Постепено доаѓав до тоа сознание...Мислам дека имав околу 25 години кога конечно дознав. Вистината секогаш беше тука некаде, но не растевме опкружени со богатство“.

Бафет е познат по тоа што води многу приземен, т.е. скромен стил на живот. И денес живее во иста куќа во која му растеа децата, и со задоволство има телефон на склопување отколку паметен мобилен телефон, пренесува Бизнис инсајдер.

Богаташот исто така со задоволство го поминува денот читајќи, што е навика постара од неговиот 57 годишен син: „Секогаш многу читал, како и денес. И ќе ви кажам дека ако денес влезете во нашата куќа, ќе ја видите истата работа која сте ја виделе во 1965 година. Тој едноставно живее во согласност со самиот себе и не му требаат промени. Токму тоа е неверојатно“.