СИНОВИТЕ НА МУБАРАК УАПСЕНИ ВО ЕГИПЕТ: Какви проневери правеле со акции во банки?
Објавено во: Свет 16 Септември, 2018
Двајцата синови на поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак кој е симнат од власт во 2011 година, се уапсени поради финансиски малверзации.
После смената на Мубарак неколку судски постапки се покренати против него и членовите на семејството. Гамал и Ала Мубарак и уште три лица се обвинети дека стекнале мнозинство акции на неколку банки по пат на претпријатија кои служеле како паравани за малврзација со што го прекршиле законот.
Сослушување во суд во Каиро е закажано за 20 октомври.
Гамал Мубарак , кој го води политичкиот комитет на партијата на власт за време на неговиот татко, е сметан за наследник на местото претседател на Египет. Неговиот брат Ала се држел на страна но е обвинет дека стекнал богатство благодарение на врските на татко му.
И двајцата веќе биле уапсени во 2011 по различни обвиненија но се пуштени на слобода. Тие двајца и Мубарак во 2015та година се осудени на три години затвор поради проневера на повеќе од десет милиони евра државни пари. Синовите на Мубарак со претходниот притвор ја одлежале таа казна.
Мубарак е роден во 1928 година и во март 2017 е ослободен за убиство на демонстранти, но и понатаму е под истрага за корупција.
Тој е првиот претседател симнат од власта во текот на бранот улични протести во арапските земји, по движењето кое е наречено „Арапска пролет“.
Тој бил на власт повеќе од 30 години.