17 Мај, 2024
0.1209

Сите 860 вработени во Костал Македонија со обезбедено приватно здравствено осигурување од Кроација Осигурување

Објавено во: Економија 10 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Сите вработени во КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА ќе бидат здравствено осигурени во Кроација осигурување. Ова е еден од најголемите договори од ваков тип склучен во државата и дава пример за грижата на една компанија кон своите вработени.

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА е германска инвестиција во земјава и со потпишувањето на овој договор, преку партнерски однос со Кроација осигурување неживот поставуваат нови стандарди на осигурителниот пазар, посебно во делот на приватното здравствено осигурување. Изборот за Кроација, од КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА го објаснуваат поради одличниот пристап кон приватното здравствено осигурување, лесно достапната услуга за вработените зад кој пристап стои сопствен Контакт центар како и широко распространета мрежа на даватели на здравствени услуги кои имаат договорен однос со Кроација.


“Потпишувањето на овој договор ја поставува нашата компанија високо на листата кредибилни и доверливи партнери за осигурување. Иако интересот за приватно здравствено осигурување расте, сепак сè уште не се јасни придобивките од ваков тип осигурување коешто овозможува брз и лесен пристап до врвни специјалистички услуги во делот на здравството. Овој договор за нас во Кроација истовремено покажува дека стандардите кои ги поставуваме се вистински избор за клиентите, а довербата што ја добиваме е поттик само да бидеме подобри во нашата работа”, изјави Александар Манев, Генерален директор на Кроација Осигурување – неживот.


КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА со овој договор поставува нови стандарди за компаниите кои сакаат да растат и да се развиваат во Македонија. Виктор Мизо, Генерален директор на КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА смета дека грижата за вработените е влог во заедничката иднина.

„Здравјето и благосостојбата на вработените е наш приоритет и со овој тип договор покажуваме дека нашите вработени се во центарот на сите наши активности. Нема развој на една компанија ако немате задоволни, среќни и здрави вработени. Грижата за нив мора да ја спроведеме и во пракса, а на овој начин знаеме дека нашите вработени во секое време ќе добиваат врвна медицинска услуга, која општо земено, во нормални услови посебно сега во време на пандемија, на сите ни е повеќе од потребна”, изјави Виктор Мизо Генерален директор на КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА

Кроација осигурување е компанија која успешно работи во осигурителниот сектор од нејзиното основање во 1884 година, а на македонскиот пазар е присутна од 2009 година. Со долгогодишната работа и богатото портфолио создаде капитал од знаење, традиција, стабилност и доследност во работењето, кое го има стандардизирано со имплементирање на најнапредните меѓународни сертификати за квалитет и за задоволство на корисници. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци