Скандал „Кавијаргејт“: Советот на Европа доживотно исклучи пратеници поради корупција
Објавено во: Свет 28 Јуни, 2018
Советот на Европа поради корупција доживотно им забрани пристап до своите тела и каква било активност на 14 поранешни пратеници од Парламентарното собрание, бидејќи во 2013 година биле „купени“ од Азербејџан.
Советот ги исклучи поранешните пратеници од Шведска, Белгија, Италија,Полска, Словенија, Финска, Норвешка, Азербејџан и Германија, а со цел да бидат спречени критични извештаи за изборите, политичките затвореници и човековите права во таа земја.
Скандалот е наречен „Кавијаргејт“, бидејќи пратениците во замена за нивните политички услуги, добиле кавијар, теписи, скапи часовници, теписи и ноќевања во луксузни хотели.
Парламентарното собрание се состои од 324 пратеници од парламентите на земјите-членки, а Советот на Европа има 47 земји-членки и се занимава со човековите права, демократијата и владеењето на правото.