06 Мај, 2024
0.0257

СКАНДАЛОЗНИ ТВРДЕЊА ВО ЛОНДОН:12 луѓе изгореа во кулата само за да се исполни желбата на богатите

Објавено во: Свет 15 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

И експерти и политичари укажуваат дека неодамнешното разубавување на станбената зграда за сиромашни-за да биде нејзиниот изглед прифатлив за богатите соседи, е причина за настарадувањето на 12 луѓе и повредување на неколку десетици во страшниот пожар во Лондон во средата, пишуваат странски медиуми.

Облакодерот „Grenfel“ (Grenfell Tower) од 24 катови е дел од државен комплекс на социјални станови во „Кралскиот квартал Кенсингтон и Челси“-дел од Лондон познат по огромните имотни разлики бидејќи тука се и некои од најскапите недвижнини во светот, а тука се и домовите на некои од најсиромашните жители на британскиот главен град.

Многу од социјалните случаи кои живееле токму во оваа кула велат дека властите со години се правеле глуви на предупредувањата дека зградата е опасна. Властите 12,8 милиони долари платиле за да ја реновираат а е завршена пред само година дена, во мај 2016, а сега, се покажало дека некои одлуки донесени во име на разубавување би можеле да бидат причина за смртоносниот пожар.

Една цел на работите на таа зграда била таа да изгледа поубаво за соседите бидејќи во планските документи кои ги објави лондонскиот весник Индипендент, пишува дека новата алуминиумска облога на фасадата ќе „го унапреди нејзиниот изглед, посебно кога се гледа од околните подрачја“.

Во „околното подрачје“ живеат некои од најбогатите жители на Лондон, наведува Gizmodo, потсетувајќи дека тука е и Нотинг хил, кварталот познат од истоимениот филм со Хју Грант пред дваесетина години, во чиј дел е покажано токму на тие социјални разлики.

Иако алуминиумската облога на фасадата која ја штити зградата од дожд, не е неопходна опција, се покажало дека помеѓу неа и старата фасада е поставен евтин изолационен материјал бидејќи изолациониот материјал отпорен на оган е многу скап. Тоа веќе и на прв поглед и лошо решение, укажува  Gizmodo.

Пожарникарниот инспектор Арнолд Тарлинг објаснил за Индепендент дека „oблогата на фасадата прави воздушен тунел и со тоа, материјалот кој се запали, се заробува меѓу облогата и зградата“. Така во пожарот на зградата"Grenfel" „запалената изолација останала внатре, а да немало алуминиумска облога, едноставно би паднала од зградата“.

Мајк Пенинг, пратеник и поранешен министер за пожарникарна служба, исто така рекол дека „облогата очигледно помогнала пожарот да се шири“.

Такви пожари имало и на друго место-за минатата Нова година хотелот „Даунтаун“ во Дубаи изгорел бидејки облогата на фасадата не била во согласност со противпожарните стандарди, додека во Дубаи на сличен начин гореле и зградите обложени со алуминиум, баш како и лондонската.

Додека британската фирма која лани ја реновирала зградата со 120 социјални станови после пожарот тврди дека се направила по стандарди, здружението на нејзините станари покажува докази дека со години се жалеле на опасни услови во неа, вклучувајќи чести удари на напон на струја, погрешно поставени електро-кабли, дури и изостанок на мерки за случај на несреќа каква се случи на крајот.

Станарите документираат и дека ги предупредиле властите дека состојбата е таква да „катастрофата е неизбежна“ и само е прашање на време кога ќе се случи.

Можеби ќе ве интересира

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина