28 Април, 2024
0.0295

СКАНДАЛОЗНО, ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ ОТКРИЕН: Еве како навистина се однесувал со мајка му Дијана?

Објавено во: Свет 17 Март, 2024

Добивај вести на Viber


Доделувањето на наградите Diana Legacy во спомен на покојната принцеза од Велс се одржа во Лондон во Научниот музеј. Овој настан крена голема прашина, особено поради присуството на принцот Вилијам, чие однесување и однос кон неговата мајка беше предмет на остри коментари во јавноста, пренесoa повеќе медиуми. 

Принцот Вилијам: Омилен син или разочарување?

Некогаш златното момче и миленик на Британците, Вилијам денес се соочува со критики и негативни коментари на социјалните мрежи. Многумина го критикуваат принцот затоа што не застанал во одбрана на сопругата Кејт Мидлтон и што не покажал доволно јавна почит кон наследството на принцезата Дијана.

Говорот на Вилијам и јавната критика

Додека држеше говор во чест на наследството на принцезата Дијана, принцот Вилијам беше дочекан со недоверба и критики од јавноста. Неговите зборови за неговата мајка не наидоа на одобрување, особено неговата изјава дека Дијана ја нарекува параноична. Оваа изјава предизвика многу негодувања, а многумина се прашуваат кој го советувал да ја даде оваа изјава.

- Никој јавно не би кажал такво нешто за саканата личност, особено за мајката. Кој му рекол да го направи тоа или кој го советувал да не го прави тоа? Сите ќе го паметат тоа - како се однесуваше со Дијана по нејзината смрт. Да излезе пред сите и да ја нарече параноична…

- Ја изгуби добрината, љубовта и вниманието што ги имаше како син на Дијана. Мислеше дека што и да направи, засекогаш ќе биде заштитен под нејзиниот чадор. Но, најлошото е што тој никогаш не застана во одбрана на неа и што постојано ги поддржуваше Чарлс и Камила, а пред се го одржа тој страшен говор во кој ја нарече Дијана параноична и ја обвинуваше дека го повредила семејството. Го отфрли сето она што Дијана го доживеа во кралското семејство, ја обвинуваше за се, а никогаш не зборуваше за тоа како се однесуваат Камила и Чарлс со неа – истакна на мрежите експерт за кралското семејство.

  Губење на врската со мајката и нејзиното наследство

Јавни личности и аналитичари на кралското семејство истакнуваат дека Вилијам изгубил контакт со мајка си по нејзината смрт. Неговата наводна поддршка на Камила во нејзините амбиции да стане кралица, исто така, доведе до негативни коментари. Многумина истакнуваат дека Вилијам не успеал да го разбере влијанието на Дијана и колку таа сè уште има присуство во јавното мислење.

- Ја изгуби. Не само кога таа умре, туку и потоа, тој ја изгуби врската со мајка си, со се што таа правеше, со нејзиното наследство, нејзината добротворна работа, ја изгуби врската со тоа што е Дијана. Не успеа да го разбере целото нејзино влијание, колку таа е сè уште присутна, како секоја нова генерација се поврзува со неа – изјави овој аналитичар на британските кралски прилики.

Доделувањето на наградите Diana Legacy во Лондон предизвика бура од реакции во јавноста, фокусирајќи се на принцот Вилијам и неговата врска со наследството на принцезата Дијана. Настанот уште еднаш покрена прашања за позицијата и влијанието на Вилијам во кралското семејство и ја поттикна јавната дебата за неговиот однос со неговата мајка и нејзиното наследство.




Можеби ќе ве интересира

ПЛАТА, ДОДАТОЦИ, ПЕНЗИЈА... - погледнете зошто сите сакаат да бидат пратеници во Европскиот парламент

ПЛАТА, ДОДАТОЦИ, ПЕНЗИЈА... - погледнете зошто сите сакаат да бидат пратеници во Европскиот парламент

ВИЛИЈАМ ЌЕ СТАНЕ КРАЛ, А КЕЈТ КРАЛИЦА - што ќе се случи со Камила во случај на смрт на Чарлс

ВИЛИЈАМ ЌЕ СТАНЕ КРАЛ, А КЕЈТ КРАЛИЦА - што ќе се случи со Камила во случај на смрт на Чарлс

ДАЛИ СЕ РАЃА НОВА НАДЕЖ ВО БОРБАТА СО РАКОТ: Започнуваат клиничките испитувања во фаза 3, британците тестираат вакцини за меланом

ДАЛИ СЕ РАЃА НОВА НАДЕЖ ВО БОРБАТА СО РАКОТ: Започнуваат клиничките испитувања во фаза 3, британците тестираат вакцини за меланом

БАКИНГЕМСКАТА ПАЛАТА ИЗЛЕЗЕ СО ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Еве кога и дали воопшто ќе се врати на должностите

БАКИНГЕМСКАТА ПАЛАТА ИЗЛЕЗЕ СО ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Еве кога и дали воопшто ќе се врати на должностите

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ОБЈАВЕНА ГОЛЕМА АНАЛИЗА КОЈА ЈА ПОКАЖУВА ГОРКАТА ВИСТИНА: Најмногу отрови се пронајдени во овие овошја и зеленчуци

ОБЈАВЕНА ГОЛЕМА АНАЛИЗА КОЈА ЈА ПОКАЖУВА ГОРКАТА ВИСТИНА: Најмногу отрови се пронајдени во овие овошја и зеленчуци

ОВА Е ЧОВЕКОТ КОЈ ЈА ЧУВА „ВРАТАТА“ НА АРАПИТЕ: Тежи 1,5 трилиони долари, никој не може да го сретне, ниту 10 минути

ОВА Е ЧОВЕКОТ КОЈ ЈА ЧУВА „ВРАТАТА“ НА АРАПИТЕ: Тежи 1,5 трилиони долари, никој не може да го сретне, ниту 10 минути

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА, ВОЗОВИ ЛЕТАА ОД ШИНИТЕ: Десетици торнада ги погодија САД

КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА, ВОЗОВИ ЛЕТАА ОД ШИНИТЕ: Десетици торнада ги погодија САД